Фармацевти
Контакт

<< Назад

БОЛНИ ЗГЛОБОВИ

декември 1, 2018

Непријатни и потенцијално опасни

 

Утринска вкочанетост и болката при движење пациентите обично ја препишуваат на замор или настинка. Важно е да се реагира на време и да посетите лекар пред промените на зглобовите да станат неповратни.

 

Автор: Владимир Пантиќ

 

Остеоартритис е еден од најчестите здравствени проблеми и се карактеризира со уништување на ’рскавицата на зглобовите. Ова за последица има отежнато изведување на движење со болка, или потполна вкочанетост на зглобовите.

 

Кои зглобови се најзагрозени?

Ситните зглобови на шаката, ’рбетниот столб и зглобовите на кои се потпира тежината на нашето тело (колкови, колена и стапала) најчесто се погодени од ваквата состојба. Прстите можат да бидат болни и отечени, со појава на коскени испакнатини на зглобовите, почесто кај жените отколку кај мажите. Заболените зглобови може да реагираат на промена на атмосферскиот притисок и временските услови. Исто така, може болно да реагираат на движења, како и после движења.

 

Причини и неповолни влијанија

Генетскиот фактор игра одредена улога во појавата на овој проблем, меѓутоа  најчесто во прашање е комбинација од повеќе неповолни влијанија. Изложеност на неповолни временски услови, големо напрегање, зачестено повторување на исти движења, неправилно држење на телото во текот на вршење работни задачи, преголема тежина која ги оптоварува зглобовите, некои видови масна и зачинета храна, претерана употреба на алкохол, неактивност и игнорирање на постоечките проблеми со зглобовите се елементи чие здружено дејство доведува до влошување на состојбата. Одредени видови неправилно или воопшто нелекувани инфекции може да доведат до сериозни оштетувања на зглобовите.

 

Поставување дијагноза

Рендгенското снимање регистрира поодминати промени и се користи за следење на развојот на болеста. Магнетната резонанца и ултразвукот може да ја детектираат болеста во рана фаза, поради што е многу важно да посетите лекар на време. За жал, многу пациенти ги игнорираат почетните симптоми со што се губи драгоцено време. Оптимален рок за реакција се првите шест месеци, после тоа почетните промени стануваат иреверзибилни.

Лекување и превенција

Ацетилсалицилна киселина и ибупрофен покажаа добро дејство во контрола на болни состојби. Вашиот лекар, секако, ќе ја процени сериозноста на моменталната состојба и во согласност со тоа ќе одлучи дали е потребно да се засили терапијата. Посериозните состојби се третираат со кортизонски инјекции, како и со давање блокади кои локално ја намалуваат болката, со лекови кои го намалуваат отокот. Хируршки решенија се применуваат кога останатите методи не дале резултати.

 

Физијатарот може да ви препише вежби и заштитни положби со чија примена ќе го забавите напредувањето на болеста и ќе ги елиминирате нејзините непријатни симптоми. Од голема важност е одржување нормална телесна тежина, а користењето стапови и одалки при движењето може да донесе значително олеснување за постарите лица.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>