Фармацевти
Контакт

<< Назад

Борба против целулитот

јуни 23, 2015

[vc_column width="1/1"]Исхрана, вежбање и масажиМилица Алексиќ

Таканаречената кора од портокал не е само естетски проблем, туку и здравствен, бидејќи организмот во масните наслаги под кожата складира и токсини, од кои треба да се ослободиме така што ќе се придржуваме кон добрите стари навики

Битката против целулитот се води на три главни фронта и тоа: исхрана, вежбање и масажи. Се добива со здрав начин на живот, но не еден месец пред одење на одмор, туку со воведување добри животни навики во секојдневниот живот

ИСХРАНА: Намирниците богати со антиоксиданти како што се шумските плодови (рибизли, капинки, малинки, боровинки), јагоди, круши, јаболка, банани, зелка, пиперки, тиквички, кељ, ги неутрализираат слободните радикали, кои се едни од причините за целулит. Против насобирање на масни клетки помагаат и есенцијалните масни киселини омега-3 и омега-6. Целулитот го топат и семките од сончоглед, богати со калиум, цинк, селен, витамини Е и Б6, кој го јакне и го регенерира слабото сврзно ткиво, кое е клучно за зголемување на целулитот. Се препорачува и лен, богат со колаген, како и други семки, зачински билки и јаткасти плодови како оревот, но не повеќе од 50 г на ден. Исфрлањето на вишокот вода од организмот, кој го прави целулитот видлив, се постигнува со намирници кои имаат својство на диуретик (зелка, сончоглед). Важно е да се внесува и што повеќе течност, пред сè, вода, два литра на ден.

ВЕЖБАЊЕ: Прошетките и вежбите ја забрзуваат циркулацијата, ги затегнуваат мускулите и го подобруваат здравјето. Да се вежба може и дома, во природа, а акцентот треба да биде на склековите, полусклековите во расчекор и подигање на карлицата во лежечка положба. Вежбите можат да се повторуваат и во неколку серии од 10 до 20 пати, секој ден. Одењето, трчањето и пливањето помагаат да согори вишокот масти,а потењето му помага на телото да се детоксицира.

МАСАЖА: Поттикнување на циркулацијата се постигнува и со масажа на деловите на телото зафатени со целулит. Масажата го стимулира лимфниот систем и ја поттикнува циркулацијата, па отровите од организмот побрзо се елиминираат. Корисно е при масажата да се користат гелови и масла од рузмарин, жалфија, лаванда, босилек. Телото треба да се масира со кружни движења на прстите, а сите инвазивни масажи треба да ги спроведува стручно лице, во консултација со лекар.

Зацврстување и затегнување

Целулитот е последица на опуштеност на мускулите и насобраните масти под површината на кожата, а неколку студии на Американското здружение за храна и лекови (FDA) потврдиле дека третманите на пасивно замотување на зафатените делови на телото во фолија и липомасажа не ги даваат саканите резултати, туку дека најефикасен начин за решавање на проблемот со целулитот е активно вежбање со кое се зацврстува, затегнува и обликува ослабеното мускулно ткиво.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>