Фармацевти
Контакт

<< Назад

Бозел

мај 10, 2016

За настинка и крвоток

Sambucus nigra L. – бозел
Фамилија бозел (Sambucaceae)

Бозелот е грмушка или ниско дрво. Кората на стеблото е сивокафена, испукана. Младите гранки се зелени, со забележителни лентицели, кога ќе се скрши се гледа бела,мека срцевина. Листовите се поставени еден спроти друг, непарно сложени во вид на перја, со долги зашилени, назабени ливчиња. Цутовите се крупни, штитолики, широки до 20 см. Цветовите се со јак мирис, ситни, бели до жолтеникави, жолтите антери јасно се видливи. Плодот е сјаен црновиолетов тркалезен со црвен сок. Цвета во јуни. Бозелот е евроазиска билка, распространета на светли и топли места.

Се користи цветот и зрелиот плод. Цутовите се отсекуваат штом цветчињата ќе почнат да се отвораат, а се сушат на провев, во ладовина. Плодот се бере кога е зрел, се суши брзо, на сонце или во сушари.

Бозелот е лековит вид. Цветот е со сложен биохемиски состав, го подобрува излачувањето на пот и моч. Се користи во облик на чајни мешавини, заедно со цветот од камилица, липа, кора од врба, кај настинки, грип, заболувања на горните дишни патишта и ревма. Кога ќе се измеша со лист од тегавец, мајчина душица, корен од јаглика и плод од анис, се добиваат одлични чаеви против долготрајна кашлица. Слично, но значително поблаго, дејствува и познатиот сок од цвет од бозел.

Лековитите цветови ако се земат на почеток на воспалението на грлото и крајниците, придонесуваат за побрзо излекување, бидејќи ја поттикнуваат циркулацијата и го чистат организмот. Чај од цветот од бозел може да се дава и на деца за време на овчи сипаници, за да се забрза оздравувањето. Цветот дејствува и како диуретик и ги отстранува отровните материи кои се собираат кај артритис и гихт. Се користи за лекување рани, исеченици и воспаленија, а корисен е во слабеење, бидејќи го забрзува метаболизмот и ги исфрла вишокот вода од организмот.

Чајот од бозел е многу корисен и за ублажување на разни видови кашлица, се користи при настинка и грип, бидејќи го зголемува потењето. Благотворен и во случај на хроничен назален катар и синузитис. Исто така, го олеснува излачувањето на моч и празнењето на цревата, а помага и кај болести на крвотокот.[vc_column width="1/3"][vc_column width="2/3"]ПрепоракаBETTY ELDERBERRY TEA е билен чај од цветови од бозел, со пријатен  освежувачки мирис и вкус. Свежо подготвената топла шолја чај ви помага да се изборите со симптомите на настинка и грип. Ќе ви помогне да се препотите и да ја намалите зголемената температура или да се ублажи упорната кашлица.

Секоја филтер кесичка е пакувана во арома обвивка која дополнително ги чува свежината и мирисот.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>