Фармацевти
Контакт

<< Назад

Брадавици

ноември 1, 2017

Зошто се појавуваат и како да се отстранатд-р Кристина Давидовиќ

Брадавиците се појавуваат на рацете, лицето, вратот, градите, грбот, стапалата. Предизвикувач е некој од поттиповите на хуман папилома вирус.  Verrucae vulgares (обични брадавици) се појавуваат најчесто на прстите, verrucae plantares на табаните, a verrucae planae juveniles на лицето и рацете. Последица се од вирусна инфекција до која може да дојде на базен, контакт со лице кое веќе има брадавици и користење исти предмети, како и преку интимен однос.

Повеќето брадавици здравствено не нè загрозуваат, но на некои, како, на пример, на гениталните инфекции (Condilomata acuminata) треба да се посвети внимание и да се посети лекар, бидејќи може да предизвикаат малигни промени, па важно е адекватно и навреме да се лекуваат. Брадавиците не се само естетски проблем, туку и сигнал дека нашиот имунитет не може да се избори со инфекцијата. Тие може да се шират, да се инфицираат и да се воспалат (не смеат да се чешаат).

За лекувањето и отстранувањето на брадавиците одлучува дерматолог, а по потреба и пластичен хирург. Која терапија лекарот ќе ја избере, зависи од видот на брадавицата, нивниот број, местото каде се лоцирани, но и од годините на пациентот и неговата општа здравствена состојба. Дерматологот може да се одлучи за нивно отстранување со струја, со ласер, со течен азот или да избере терапија со радиобранови, метод кој се покажал како многу ефекасен. Исто така, дерматологот може да процени дали брадавиците може ефикасно да се отстранат со препарати на база на салицилна киселина или со аплицирање цитостатски препарат во ткивото на израстокот. Денес, најретко се применува отстранување со течен азот, а  најчесто се препорачува радиобранова техника, бидејќи се покажала ефикасна во 97 насто од случаите. Интервенцијата со радиобранови трае околу 20 секунди по брадавица, безболна е, а лузните се незабележливи.

Консултацијата со дерматолог е многу важна, бидејќи само стручњак може да го одреди вистинското потекло на брадавиците и да препорача лекување, а се препорачува и преглед еднаш годишно. Исто така, доколку се во прашање брадавици кои не се лоцирани околу очите или во гениталната регија, специјалист може да одобри и обид за лекување со некој третман од домашни услови.

Лимон: Свеж сок од лимон нанесете на брадавицата и оставете да стои 20 минути. Можете да го нанесете два пати дневно, во период од две недели.

Прополис: Нанесете го прополисот директно на брадавицата во тенок слој, а потоа заштитете со ханзапласт, за да не продре воздух и вода. По два дена отстранете го ханзапластот и по потреба повторете ја постапката.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>