Фармацевти
Контакт

<< Назад

Бруксизам

септември 29, 2015

[vc_column width="1/1"]

Чкрипење со забите во сон

Лејла Беговиќ

Голем број лица во некој период од животот имале епизоди на ноќен бруксизам, несвесно стискање на забите во текот на спиењето, кое се поврзува со дневниот стрес, а предизвикувачи можат да бидат и алкохол, кофеин и никотин

Бруксизам, или стегање на вилицата и чкрипење со забите во сон, е вид на парафункција која се одвива на потсвесно ниво, кога повисоката контрола на свеста е неактивна. Спијачот-бруксист, доколку тоа никој не му го каже, не знае дека во текот на сонот несвесно чкрипи со забите и ја стиска вилицата, сè додека штетното дејство на бруксизмот не се манифестира со замор на мускулите по будење и болка во вилицата. Се смета дека во сон со забите чкрипат подеднакво и жени и мажи, а, исто така, и околу 14% од децата, па се претпоставува дека од бруксизам страда помеѓу 25 и 50% од популацијата.

ПРИЧИНИ: Дневен стрес (проблеми на работа и во семејството) и чувство на неуспех, осуетеност и загуба, се главна причина за ноќно стискање на вилицата и чкрипење со забите. Меѓутоа, бруксизмот може да го предизвика и консумирање поголема количина алкохол, кафе и цигари. Т.н. „секундарен бруксизам“ може да се јави поради земање некои лекови и психоактивни дроги, како и кај болен со дијагноза депресија, шизофренија и Паркинсонова болест.

Недоволното внесување магнезиум во организмот, исто така, придонесува за појава на бруксизам, бидејќи овој нутритивен елемент игра битна улога во нормалното функционирање на мускулите и нервите.

ДИЈАГНОЗА: Во разговор со пациентот и со членовите на семејството, лекарот гради слика на симптоми, како чувствителност на забите, болка и грч во мускулите. Треба да се биде искрен во разговорот со лекарот и точно да се одговори на прашањата за лошите животни навики во исхраната, односно консумирање алкохол, кафе и никотин. Стоматологот при преглед може да ги уочи промените на забите и на потпорниот апарат на забите. Дијагностицирањето може да вклучи и други, дополнителни методи, па се работи и психодијагностика на личноста со фокус на склоност кон стрес, како и лабораториски анализи, кои откриваат зголемено ниво на хормонот кортизол т.н. хормон на стрес.

ТЕРАПИЈА: Главно се лекуваат последиците од бруксизам, а помага и антистрес терапија. Можат да се направат и индивидуални, цврсти штитници за заби кои се носат ноќе. Штитниците ги прекриваат сите заби во горната вилица, ја намалуваат абразијата и ја штитат забната глеѓ. Терапијата може да вклучи и антидепресивни медикаменти, кои ги препишува невропсихијатар. Помага и физикална терапија, па се препорачуваат вежби за истегнување и релаксација на мускулите во пределот на лицето и вратот, како и терапија со ултразвук, со која се
постигнува длабинско загревање и микромасажа на мускулите.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>