Фармацевти
Контакт

<< Назад

Чистота и удобност за мајката и бебето

мај 20, 2016

Малите нешта го прават пријатен нашиот живот. Такви се и производите BETTY создадени со многу љубов и мисла за секојдневната хигиена на мајката и нејзиното бебе.

Подлошките за гради се вистински спас за мајката што дои. Нашите баби, мајки, па дури и поголеми сестри, го гледаат со нескриен восхит (и малку завист) овој практичен, едноставен и генијален изум. Колку непријатности од постојаните влажни дамки на блузите би им се заштедиле... еднократните подлошки за гради ја штитат одлично облеката на мајката што дои, бидејќи се изградени од многу слоеви кои ја задржуваат влагата внатре во потполнките. Во исто време остануваат целосно невидливи под облеката и не се поместуваат - имаат анатомски облик и се закачуваат цврсто со двојни лепенки кон градникот. Подлошките се направени од меки материјали со висока апсорбирачка способност и не ја иритираат кожата. Удобноста на мама е осигурена!

Сега да видиме бебуш. За него се незаменливите влажни марамици за чистење на лицето, рацете и дупето. Ќе има потреба од нив речиси цело време. Мама го знае одлично и за тоа зема од двете големини и не се дели од нив. Бебешките влажни марамици BETTY не содржат алкохол, парабени, бои, ниту состојки од животинско потекло. Вредноста на нивното pH одговара на кожата. Можат да се користат и од возрасни со проблематична и чувствителна кожа. Имаат пријатен мирис и текстура, чистат добро и ја хидратираат чувствителната бебешка и детска кожа (А и мама ги користи често, толку убаво освежуваат!). Од помалата димензија се 24 парчиња во пакет, а од поголемата: 72. Непроценлив помошник во секакви предвидени и непредвидени ситуации, насекаде.

Многу важни за хигиената на бебињата и малите деца се детските чепкалки за уши со ограничувач. Создадени се специјално за безбедно и нежно чистење на малите ушиња, но се погодни и за хигиенско чистење на носето и деликатните кожни набори на бебињата и малите деца. Користете ги внимателно, избегнувајте брзи движења и чистење во длабочина. Составени се од 100% памук, а ограничувачот е мерка на претпазливост при чистење на ушите на „клиент” кој постојано мрда. 60 парчиња во кутија, за да имате за долго време.

По секојдневното непрестајно чистење, бришење, сушење, мама има потреба да обрне внимание и на своето лице и убавина, да ја отстрани нежно шминката и натрупаните честички во активниот ден. Што поубаво има од меките впивачки памучни тампони BETTY! Од 100% памук, погодни за чувствителна кожа, за секојдневна употреба.

(Идеално се користат и за отстранување на лак за нокти, ако мама, при сите грижи, успеала да се лакира ...).

Од истата серија производи за лична хигиена можете да најдете во аптеки BETTY пакет од 100 г со 100% памук за секојдневна нега и козметички цели за луѓе со чувствителна кожа, како и хигиенски чепкалки за уши од 100% памук. Сите се произведени во Хрватска.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>