Фармацевти
Контакт

<< Назад

Чувствителни заби

јануари 4, 2016

[vc_column width="1/1"]

дентална хиперсензитивност

Што се чувствителни заби и колку е чест овој проблем?

Чувствителност на забите (стручно наречено дентална хиперсензитивност) вообичаено се манифестира како кратка, остра болка на забите, која настанува како резултат на надворешна дразба. Болката често се појавува кога јадете нешто ладно, топло, слатко или кисело, иако може да биде и резултат на притисок врз забот или млаз од ладен воздух.

Болката поради чувствителност на забите е многу честа, се појавува дури кај три од пет возрасни лица. Често овие луѓе го трпат овој проблем без да се пожалат или без да зборуваат со својот стоматолог.

Кои се можните последици од чувствителност на забите?

Очигледна последица е дека луѓето кои имаат чувствителни заби мора да ја избегнуваат својата омилена храна и напитоци, или уживањето да им биде попречено со непријатни чувства. Сепак, чувствителноста може да доведе до дополнителни дентални проблеми, бидејки луѓето би можеле да бидат помалку темелни при четкањето на забите. Ова може да се случува без тие да забележат, бидејќи потсвесно тие се обидуваат да ги избегнат чувствителните зони додека четкаат и нивните непца може да почнат да се повлекуваат во овие запоставени зони. Последично, луѓето може да се најдат во еден затворен круг на континуирано повлекување на непцата и влошување на чувствителноста.

Луѓето може, исто така, да имаат проблем со чувствителните заби при посета на стоматолог, каде важните стоматолошки процедури како, на пример, професионалното чистење на забите станува непријатно, или во одредени случаи и екстремно болно. Ова може да го зголеми стресот и вознемиреноста поврзани со посетата на стоматолог и тој треба да работи побавно и внимателно.

9 од 10 стоматолози велат дека дневно гледаат барем еден пациент кој има чувствителни заби и 29% од возрасните ја идентификуваат болката поради чувствителни заби како најголема болка поврзана со посета на стоматолог.

Што предизвикува чувствителност на забите?

Внатрешноста на забот е изградена од порозно ткиво наречено дентин, кој го обвиткува забниот нерв.  Дентинот нормално е покриен со слој на цврста глеѓ и со непцата, иако може да биде делумно изложен при повлекување на непцата или оштетување на глеѓта. Изложениот дентин е најчестиот причинител на чувствителност на забите.

Дентинот содржи голем број на многу мали каналчиња, познати како дентински тубули, кои се простираат од површината на забот па сè до нервот на забот. Се верува дека овие каналчиња се одговорни за преносот на болните дразби, како, на пример, ладно, топло, притисок, како и кисела и слатка храна, од устата до нервот во центарот на забот. Резултатот е кратка и остра болка.

Факторите кои можат да доведат до изложување на дентинот и чувствителни заби вклучуваат:

Дополнително, некои стоматолошки процедури можат да предизвикаат чувствителност, како, на пример, професионално избелување на забите и професионално чистење на забите во ординација.

Како треба да се третира чувствителноста на забите?

Првиот чекор е консултација со стоматолог за утврдување дали болката е предизвикана од чувствителност.

Доколку се потврди дека е чувствителност, може да се преземат неколку чекори:

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>