Фармацевти
Контакт

<< Назад

ДЕНТАЛНА ХИГИЕНА

мај 1, 2019

Правила за блескава насмевка

 

Редовното и правилно одржување на хигиената на забите и усната шуплина игра важна улога во зачувување на доброто здравје.

 

Автор: Јасна Петровиќ

 

Последиците по здравјето поради неправилната хигиена на забниот апарат, покрај кариесот и пародонтопатијата, може да бидат далекусежни. Ќе ги споменеме проблемите со кардиоваскуларниот систем и зголемен ризик од мозочен удар.

 

Основен прибор за одржување хигиена

Би требало да се изберат четкички за заби со умерена тврдина, изработени од синтетички влакна за да се намали можноста за задржување бактерии на самата четкичка. Главата на четкичката не би требало да биде подолга од три сантиметри, поширока од еден сантиметар, а должината на влакната не би требало да премине дванаесет милиметри. Четкичката би требало да се менува на секои два до три месеци, или порано ако почне да покажува знаци на истрошеност. За изборот на четкичката и пастата најдобро е да се консултирате се со својот стоматолог и фармацевт.

Во текот на последните години сè попопуларни се електричните четкички за заби. Стоматолозите ги препорачуваат на лица кои имаат фиксни протези, навлаки, мостови и импланти. Уредите кои за чистење заби користат насочен млаз вода, исто така, се достапни на пазарот. Неопходна е и употреба на конец и интердентални четкички. Со нивна помош се отстрануваат бактериските наслаги од меѓузабниот простор, како и подрачјето до гингивите. Со препорака од стоматолог и фармацевт можно е да се користат и течности за испирање уста кои содржат различни активни состојки.

Конецот за заби не би требало на сила да се турка помеѓу забите, туку треба постепено да се воведе во меѓузабниот простор со помош на нежни цик-цак движења, со следење на облините на забите.

 

Редовно и доволно долго миење

Забите би требало да се мијат по секој оброк. Траењето на оваа постапка не би требало да биде помалку од три минути. Со оглед на тоа што не сме секогаш во можност тоа да го правиме, се препорачува испирање на устата со вода што делумно го отстранува делот од наслаги. Минимална препорачана зачестеност на миење заби е два пати дневно, наутро и навечер. Тоа е најмалку што можеме и мораме да го направиме за здравјето на своите заби.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>