Фармацевти
Контакт

<< Назад

Дезодоранси и антиперспиранти

јуни 2, 2016

Да мирисаме свежо и чистоМилица Алексиќ

Првите дезодоранси наменети за спречување на непријатните мириси кои ги предизвикуваат бактериите при потење, се појавиле во САД при крајот на 19 век во облик на креми, пакувани во теглички, а се нанесувале со прсти. Половина век подоцна, во 1940, се унапредени по примерот на штотуку откриеното ball-point хемиско пенкало, за во 60-тите години да ја освојат Европа под името Mum Rolette. Денес, дезодорансите ги опфаќаат производите во roll-on облик, спреј и стик, а посебна подгрупа наречена антиперспиранти дaва и заштита од потење, така што ги затвора излезите на потните канали и физички го спречува потењето.

Во некои земји антиперспирантите се класификуваат како лек кој може да се добие без лекарски рецепт и строго се контролираат да содржат нештетни состојки. При купување треба да се обрне внимание дали препаратот ги поминал тестовите на алергија и да нема мирис. Како и во случајот на дезодорансите, се препорачува никогаш да не се нанесува по депилација или бричење.

За разлика од антиперспирантите, дезодорансите не го спречуваат потењето, туку само ги неутрализираат бактериите кои предизвикуваат непријатни мириси. Полемиките на тема дали се штетни или не, главно се однесуваат на конзервансите и парабените ако ги содржат, бидејќи овие состојки по нанесување остануваат долго на кожата. На декларацијата може да се препознаат по имињата: метилпарабен, пропилпарабен, бутилпарабен или бензилпарабен. Иако тврдењата дека овие состојки се штетни не се научно докажани, здравствениот ризик се исклучува со користење дезодоранси кои не содржат парабени, соли на алуминиум и алкохол. Инаку, карактеристичните жолти дамки на облеката се доказ дека во дезодорансот ими алуминиум, бидејќи тој така реагира во комбинација со пот, ткаенина или прашок за перење.

Дерматолозите советуваат дезодорансот да се менува на секои 6 месеци, зашто телото се навикнува на производот и повеќе не реагира. Исто така, кој е алергичен треба да користи само дезодоранси во стик, а ако и тоа не помага, тогаш непријатните мириси предизвикани од топлина, вежбање или стрес, кои имаат карактеристичен хемиски состав и може да бидат многу непријатни, треба да се неутрализираат со етерични масла кои се нанесуваат на чиста пазува.

Зголеменото потење и непријатните мириси, особено кога е топло, се предизвикани и од консумирање алкохол, а пушењето дополнително го засилува мирисот на потта. За време на високи температури се препорачува избегнување жестоки алкохолни пијалаци, да се носи памучна облека, често туширање и депилирање.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>