[vc_column width="1/1"]
Совети за дијабетичари – лица заболени од шеќерна болест
Дијабетес или шеќерна болест
Шеќерната болест или дијабетес е нарушување што се манифестира со зголемено ниво на шеќерот во крвта, хипергликемија, а се појавува кога панкреасот престанува делумно или целосно да го произведува хормонот инсулин или инсулинот не е ефикасен во телото. Недостатокот од инсулин го спречува снабдувањето на клетките со храна, а шеќерот се акумулира во крвта и предизвикува оштетување на самите крвни садови, а подоцна и оштетување на други органи, особено бубрезите, нервите и очите.
Дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2
Шеќерната болест има два основни типа:
• Дијабетес тип 1, кој започнува во детството или младоста, а се појавува кога имунолошкиот систем почнува да ги уништува клетките на панкреасот, што предизвикува исчезнување на инсулинот. Од него боледуваат околу 10% од заболените, а се лекува со администрација на инсулин.
• Дијабетес тип 2, кој обично полека се развива кај возрасните лица, настанува кога панкреасот продолжува да произведува инсулин, но истиот престанува да биде делотворен или го нема доволно во однос на внесената количина шеќер во организмот. Се лекува со промена на животните навики, првенствено со правилна исхрана и физички вежби, земање лекови и администрација на инсулин кај заболените од тешко форма на ова болест. Со зголемен ризик од добивање на болеста се лица со зголемена телесна тежина, посебно оние со карактеристични наслаги од масно ткиво околу стомакот.
Симптоми на дијабетес
Шеќерната болест има препознатливи симптоми кога е веќе во напредна фаза, како што е прекумерна жед, зголемено мокрење, замор, заматен вид и губење на тежината. Но, може да се случи дијабетесот од тип 2 да предизвика симптоми кои не се забележливи со години, па потребно е периодично контролирање на шеќерот и кетони во урината и шеќер во крвта кај луѓето кои припаѓаат на ризичните групи и кај постарите од 45 години.
Дијагностицирање на дијабетес
Болеста се дијагностицира со мерење на шеќерот во крвта на гладно и тест за толеранција на глукоза (OGTT). Иако постојат индивидуални разлики, може да се каже дека потврда на болеста претставува вредност на глукозата во крвта, на празен стомак, поголема од 7 mmol/l, во кое било време од денот поголема од 11,1 mmol/l или вредност на OGTT поголема од 11,1 mmol/l по два часа од почетокот на тестот.
Контрола на дијабетесот преку исхрана
Шеќерната болест првенствено се лекува и контролира со добро балансирана исхрана, која генерално се препорачува за сите лица и подразбира внес на сите хранливи состојки во правилни количини:
• Потребно е да го зголемите внесот на овошје и зеленчук и да го намалите внесот на масти и шеќери.
• Шеќерите, но оние сложените, со висока концентрација на влакна, треба да сочинуваат околу 50% од дневниот калориски внес, а тоа се леб и тестенини од интегрални житарки, ориз, компири и мешункасти производи.
• Според новите сознанија, луѓето со дијабетес може да јадат слатки, но само во склоп на целосен оброк, при што треба да се намали уделот на другите јаглехидрати.
• Протеините треба да сочинуваат 20% од дневниот калориски внес – месо, јајца, риба, млечни производи и мешункасти производи.
• Мастите треба да сочинуваат 50% од дневниот калориски внес – незаситени масни киселини од маслиново, сончогледово или пченкарно масло и омега-3 масни киселини.
КАКО ПРАВИЛНО ДА ГО КОРИСТИТЕ МЕРАЧОТ НА ШЕЌЕР ВО КРВТА И СО КОИ ДОБРИ НАВИКИ МОЖЕМЕ ДА ЈА КОНТРОЛИРАМЕ ОВАА БОЛЕСТ ЗНААТ НАШИТЕ ФАРМАЦЕВТИ ВО BETTY. ЗАТОА ПОБАРАЈТЕ ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ ВО НАШИТЕ BETTY АПТЕКИ.
Физичката активност е важна!
Шеќерната болест, освен од добро балансирана исхрана, зависи и од физичката активност, која треба да биде приспособена на можностите на заболеното лице. Редовната, приспособена физичка активност осигурува одржување на телесната тежина, односно правилно трошење на внесената храна, но и одржување на останатите функции на организмот. Притоа треба да се знае дека дури и само 30-минутно пешачење на ден е многу пожелна физичка активност. Сепак, зголемувањето на физичката активност во споредба со вообичаеното треба да се планира. Заболените лица кои немаат добро регулиран шеќер или земаат инсулин, треба да се договорат со лекарот за периодот од денот, видот и интензитетот на физичките активности. Имено, зголемената физичка активност поттикнува брз пад на шеќерот во крвта, што може да предизвика хипогликемија.
ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Иако може да изгледа дека исхраната на дијабетичарите е комплицирана и бара многу труд и одрекување, стручњаците советуваат дека заболените лица веднаш по дијагнозата на болеста треба да научат да ја мерат калориската вредност на намирниците и нивните соодноси. На тој начин дијабетичарите ќе уживаат во храната подеднакво како и здравите лица.
Дисциплина и соработка со лекарите
Шеќерната болест е една од болестите која бара многу голема дисциплина и подготвеност на пациентите да ја прифатат својата болест во соработка со лекарите и фармацевтите, што придонесува за успехот на лекувањето. Секое заболено лице треба да научи и строго да се придржува до договорениот режим на земање лекови. Имено, количината и видот на храната која треба да се земе во одредено време од денот зависи од количината на шеќер во крвта, која пак лековите треба да ја спуштат до оптималната вредност. Тоа важи и за оралните хипогликемични агенси, а особено за инсулин. Успехот на контролата зависи од редовното мерење на шеќерот во крвта. Мерачите со дијагностички ленти се многу прецизни и едноставни за ракување. По правило, шеќерот се мери наутро на празен стомак и пред спиење, а во текот на денот два часа по оброк, при што треба да се води дневник за мерењата, бидејќи тие податоци укажуваат на потребните промени во начинот на исхрана, физичка активност и дозирање на лекот.
СПОРЕД НОВИТЕ СОЗНАНИЈА, ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ МОЖЕ ДА ЈАДАТ СЛАТКИ, НО САМО ВО СКЛОП НА ЦЕЛОСЕН ОБРОК, ПРИ ШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ НАМАЛИ УДЕЛОТ НА ДРУГИ ЈАГЛЕХИДРАТИ.
За повеќе совети обратете се во аптеките на BETTY.