Фармацевти
Контакт

<< Назад

Дијареа и опстипација

април 13, 2016

[vc_column width="1/1"]

Совети за ублажување на дијареа и опстипација

Дијареа и опстипација

Дијареата и опстипацијата, односно пролив и запек, се проблеми кои се појавуваат како симптоми на реакција на дигестивниот систем заради најразлични причини. Тоа може да биде само привремена и блага реакција на храна, некои лекови или психички стрес, а може да биде и бурна реакција, како што е дијареа кај цревни инфекции предизвикана од бактерии и вируси или хронична опстипација кај постари лица или мали деца. Позната е и патничка дијареа. Дијареата може да биде и последица на земањето антибиотици кои ја уништуваат природната цревна флора. Честата дијареа, пак, може да биде симптом на алергија на одредени алергени во храната. Опстипацијата во денешно време се смета за проблем поврзан со начинот на живеење заради неправилната и нередовна храна, неможноста за извршување нужда согласно нагонот и малата физичка активност.

Zapek_2_site

Симптоми на дијареа
Дијареата може да варира од блага до многу тешка.
• Благи симптоми се грчеви и надуеност, придружени со многу мека до течна столица, неколку празнења на цревата во текот на денот.
• Потешки симптоми претставуваат мачнина и повраќање кои се појавуваат покрај дијареата, а самата дијареа е изразито течна и трае неколку дена.
• Кај тешките и опасни дијареи, покрај останатите симптоми, се појавува и грозница, во самата столица може да се најде слуз, крв и необработена храна.

АКО ВЕ МАЧАТ ДИГЕСТИВНИ ПРОБЛЕМИ КАКО ДИЈАРЕА И ОПСТИПАЦИЈА, А НЕ ЗНАЕТЕ КАКО ДА ГИ УБЛАЖИТЕ – НИЕ ВО АПТЕКИТЕ BETTY ЌЕ ВИ ПОМОГНЕМЕ СО КОРИСНИ СОВЕТИ.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Ако дијареата и опстипацијата наизменично траат подолго време, на пример, неколку недели, може да бидат симптом на сериозна цревна болест и во тој случај се советува барање на лекарска помош.

Како да лекувате дијареа?
• Дијареата се лекува во зависност од јачината на симптомите, но секогаш е важно по секоја воденеста столица да ја надоместите изгубената количина на течности, бидејќи во спротивно може да дојде со дехидрирање на организмот, кое може да биде опасно.
• Ако дијареата е блага, не е потребно лекување, но треба да се пијат многу течности (вода, минерална вода, благи чаеви) и да се избегнува консумација на тешка храна.
• Кај тешките форми на дијареа не се препорачува строга диета. Се смета дека е важно што порано да се воспостави нормален режим на исхрана, за да не се влоши воспалението на слузницата на цревата, што значи храна со лесни супи, ориз или варено пилешко.
• Надоместувањето на течностите се врши со течности за рехидратација, кои покрај водата содржат и минерали кои му се потребни на организмот.
• Многу е корисно земањето на пробиотици за да се надомести нормалната цревна флора и со тоа да се запре дијареата.
• Може да се земе и лекот лоперамид, за кој не е потребен рецепт - лек кој помага при ублажување на дијареата.
• Ако дијареата е тешка, понекогаш потребно е болничко лекување со примена на специфични лекови против цревни инфекции и надоместување на течностите преку инфузија.

Симптоми на опстипација
Опстипацијата може да варира од блага до тешка и во денешно време се смета дека времето на изостанување на столицата е индивидуално. Некои имаат нормално празнење на цревата секој ден, а некои три пати неделно па затоа опстипацијата се дефинира како подолго изостанување на столицата од вообичаеното, односно помалку од три пати неделно во текот на подолг временски период.
• Симптомите на опстипација обично започнуваат со тврда столица, столица во форма на топки, напрегање при празнење на цревата и чувство на непотполно празнење.
• Потешка форма на опстипација е целосно изостанување на празнењето на цревата, што бара лекарска помош, а трајната опстипација треба да се лекува со лекови и обично се појавува како последица на тешки болести, како хипотироидизам и дијабетес, или серија цревни болести.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Опстипацијата е често поврзана со одредени возрасни групи и посебни состојби. Често се појавува кај малите деца во време кога дигестивниот систем и самите црева сè уште се развиваат. Тврдата столица кај децата може да предизвика и страв од болно празнење па затоа треба веднаш да се спречи. Опстипацијата е многу честа и кај постарите лица бидејќи се јавува како последица на стареењето, несоодветната исхрана и недоволното движење. Бремените жени, исто така, често патат од опстипација заради зголемената количина на хормонот прогестерон и вагинален притисок на дебелото црево.

Добри навики за спречување на опстипација
Опстипацијата се спречува првенствено со промена на начинот на исхрана:
• пиење поголеми количини течности во текот на денот
• консумирање неколку помали оброци дневно кои вклучуваат течна, густа храна, овошје и зеленчук, односно намирници богати со влакна
• важно е секогаш во исто време да се обидувате да ги испразните цревата и да ја зголемите физичката активност
• консумацијата на минерална вода богата со магне-зиум и пробиотици, исто така, помага бидејќи тоа го подобрува варењето на храната и ја омекнува столицата.

Лекување на опстипација
• Опстипацијата може да се лекува со лекови, кои се нарекуваат лаксативи и се избираат според состојбата и староста на пациентот и јачината на симптомите.
• Позната е цела палета хербални лаксативи како што се сена, крушина, лушпи од индиски трупки.
• Помагаат и хемиските лаксативи како што е магнезиум сулфат (горчлива сол), бисакодил или лактулоза.
• Столицата може да се ублажи со ставање на глицерински чепови во дебелото црево, а кај тешките форми или итните случаи лекарот ќе даде клизма.

УБАВО Е ДА СЕ ПАТУВА, НО НА ПАТУВАЊАТА ВО ЕГЗОТИЧНИТЕ КРАЕВИ ЧЕСТО СЕ ЈАВУВААТ ПАТНИЧКИТЕ ДИЈАРЕИ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ИНФЕКЦИЈА СО БАКТЕРИИ КАКО ЕШЕРИХИЈА КОЛИ, САЛМОНЕЛА ИЛИ ШИГЕЛА И ЦРЕВНИ ПАРАЗИТИ КАКО ЦРЕВНАТА АМЕБА.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Треба да се спомене дека многу лаксативи може да предизвикаат болни грчеви, а нивната долготрајна примена предизвикува поголема мрзливост на цревата. Поради тоа, земањето на лаксативи треба да биде ограничено и повремено.

За повеќе совети обратете се во аптеките на BETTY.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>