И мајката и бебето да добијат сè што им е потребно
При советување на пациентите за адекватен внес на сите биоактивни материи, фармацевтите посебно внимание придаваат на препорачаните дневни внесови на нутриенти во бременост.
Автор Душан Гољиќ
м-р по фармација
Витамините, минералите, простите шеќери, есенцијалните масни и аминокиселини претставуваат неопходни нутриени во физиолошките процеси. Потребите на организмот не се константни, туку се менуваат во зависност од надворешните и внатрешните услови. Промена на климата или надморската висина, како и интензивен спорт или физичка работа, ја менуваат потребата за внес на намирници.
Бременоста (гравидитет) е посебна медицинска состојба на женскот организам која подразбира поместување на внатрешните органи како што расте матката, како и зголемување на волуменот на крв и другите ткива. Наспроти конвенционалното верување, потребите за есенцијални хранливи намирници не растат значајно во однос на состојбата пред бременост. Меѓутоа, со оглед на тоа дека секој женски организам е индивидуален, универзалните препораки е тешко да се формулираат. Веќе половина век научните студии го проучуваат земањето хранливи материи и дозирањето лекови кај трудниците. Како резултат се изродиле општи препораки за внес на одредени супстанции кои може да придонесат за подобар развој на плодот, како и да ја зголемат отпорноста во бременоста.
Фолната киселина е неопходна за формирање на невралните цевки кај бебето и се препорачува земање 0,4 мг дневно како превентива во период барем во првите 12 недели од бременоста. Во случај на зголемен ризик кај мајката, лекарот може да ја зголеми дозата на 5 мг дневно.
Витаминот Д се препорачува да го земаат лица со пониско ниво на овој витамин, како и во случај бременоста да е во текот на зимските месеци, кога има помалку сончеви интервали. Се препорачува земање на 400 IU витамин Д кај сите трудници, освен во посебни случаи кога дозите се зголемуваат и до 5 пати.
Витаминот К е потребно да се зема во подоцниот период од бременоста кога постои сомнеж на низок внес на овој витамин, или во случај на намалена апсорпција кај жени кај кои се јавува намалено лачење во жолчката.
Железото не е потребно да се додава во исхраната на секоја трудница, туку во согласност со индивидуалните резултати на анализа на крвта и статусот на хемоглобинот и резервите од железо.
Калциумот се додава во облик на додатоци доколку трудницата не внесува млечни производи или други извори на калциум. Препорачаната дневна доза е 1 г дневно.
Јодот е неопходен во бременоста. Сепак, со оглед на тоа дека на нашето поднебје во исхраната се користи јодирана сол, не е неопходно да се додава во вид на додатоци, освен во случаи на органски дефицит.
Омега-3 масни киселини најдобро е да се внесуваат преку растителни, ладно цедени масла или преку риба. Во случај на зголемени потреби се препорачува земање оптимални комбинации на EPA и DHA омега-3 масни киселини дури по третиот месец од бременоста.
Витамините од Б-групата генерално се наоѓаат во храната. Луѓето кај кои постои ризик од развој на тромбофилија имаат зголемена потреба за внес на витамини Б12, Б6 и Б1, па се препорачува земање комбинирани додатоци, кои содржат адекватни количини од Б-комплекс. Кај вегетаријанци и вегани е неопходно земање витамин Б12 во текот на бременоста и доењето.
Значењето на урамнотежената исхрана
Здравата избалансирана исхрана е најдобар начин за внес на хранливи материи во бременоста. Со оглед на тоа дека денес е тешко да се обезбеди адекватна и разновидна исхрана на популацијата, се препорачува земање одредени додатоци. Нив можеме да ги најдеме во аптека, било како поединечни дози на витамини или во облик на комбинирани препарати. Потребите се индивидуални, а проценките за тоа дали е потребно да се земаат додатоци во исхраната ги носи лекарот кој ја води бременоста.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци