Најотровното дрво на светот Hippomane mancinella е толку отровно што не треба ни да се стои под него ако паѓа дожд, бидејќи органското соединение форбол, разблажено со дождовницата, може да предизвика тешки изгореници. Дрвото има плод кој многу личи на јаболко, па затоа се нарекува и „јаболко на смртта“ и „дрво на смртта“. Институтот за храна и агрикултура на Флорида вели дека сите делови од дрвото се исклучително отровни и дека контактот со кој било негов дел може да биде смртоносен. Меѓутоа, ова „дрво на смртта“ игра важна улога во борбата против ерозијата на земјата во Централна Америка, па затоа не се уништува, но таму каде што расте постојат предупредувања дека е отровно и дека не треба да му се приближува. Го користат столарите на Карибите, а отровите ги отстрануваат така што го сушат на сонце.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци