Фармацевти
Контакт

<< Назад

Лет во V-формација

март 1, 2018

Птиците преселници летаат во V-формација бидејќи така ја оптимизираат аеродинамиката на летот и штедат енергија, откриле научниците од Кралскиот ветеринарен колеџ на Универзитетот во Лондон. Меѓутоа, птиците предводнички на чело на формацијата се менуваат. Истражувањето на научниците од Универзитетот во Оксфорд покажало дека во текот на долгото мигрирање на тој начин ја чуваат драгоцената енергија. Истражувачите проучувале 14 ќелави ибиси (Geronticus eremita) опремени со чипови, кои летале од Салцбург во Австрија до Обертел во Италија. Ибисите ја менувале позицијата внатре во јатато, што им овозможило третина од времето да летаат на потисок кој се произведува со мавтање на крилјата од другите птици и така ја чувале енергијата. Во спротивно, во текот на преселбата третина од младите птици би умреле од исцрпеност.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>