Фармацевти
Контакт

<< Назад

Експеримент на конформизам

јуни 9, 2016

Социјалниот психолог Соломон Аш уште во 1951 година во славниот „експеримент на конформизам“ испитал колку ставовите и одлуките на групите влијаат на поединците. Намерно мешајќи го вистинскиот испитаник со лажен, кои договорено давале неточни одговори на лесни прашања, го испитувал однесувањето на поединецот во однос на групата. Од 50 учесници, дури 37 своите одговори ги приспособиле на одговорите на мнозинството. Кога Аш ги прашал „зошто не им веруваат на своите очи“, некои рекле дека мислеле оти не гледаат добро, кога сите останати одговараат поинаку, а некои знаеле дека останатите одговараат погрешно, но се плашеле од социјална одмазда и затоа одговарале како мнозинството. Така „експериментот на конформизам“ потврдил дека е тешко да се одолее на притисокот на групата и укажал на големото влијание на масата, како и колку му е тешко на поединецот да се спротивстави на мнозинството.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>