Фармацевти
Контакт

<< Назад

Екстракт од зелен чај

октомври 28, 2015

[vc_column width="1/1"]

За виткост и здравје

На Далечниот Исток зелениот чај се консумира повеќе од 5 000 години, а една стара кинеска поговорка вели дека е подобро да се биде три дена без храна отколку еден без зелен чај

Зелениот чај или green tea се состои од неферментирани листови од растението Camellia sinensis. Зборот „зелен“ не се однесува на бојата, туку на „необработеноста“, така што сите активни материи се сочувани. Зелениот чај има докажани антиоксидативни својства.

Зелениот чај е пијалак кој, после водата, го пијат најмногу луѓе на планетава. Во Кина се користи повеќе од 5 000 години, а една стара кинеска поговорка вели: „Подобро да се биде три дена без храна отколку еден без чај“. Се смета дека во Јапонија и во други земји на Далечниот Исток стапките на развој на канцерогени заболувања се помали, бидејќи луѓето редовно консумираат зелен чај. Се знае дека има повеќе од 300 корисни состојки, а нивната комбинација дава ефикасни резултати за здравјето. Зелениот чај содржи 6 основни полифеноли, познати како катехини, а најактивен и најмногу истражен катехин е EGCG (Epigallocatechin gallate).

Зелениот чај се користи во превенција на атеросклероза, бидејќи влијае на намалување на лошиот холестерол ((LDL) и подигање на добриот (HDL). Добар е и во превенција на карцином на мочниот меур, дојките, јајчниците, дебелото црево, белите дробови, кожата, простатата и штитната жлезда. На дијабетичарите им помага да го контролираат нивото на глукоза во крвта, а полифенилите можат да помогнат и кај многу други болести и тегоби, како вирусен хепатитис, забавен метаболизам, воспалителен артритис, грип и настинка.

Предноста на екстракт од зелен чај во однос на класичниот чај од вреќичка е во тоа што на овој начин земаме повеќекратно поголема доза на активни материи отколку кога пиеме чај, а докажано е дека телото подобро ги апсорбира катехините од екстрактот на зелен чај. Исто така, ако се подготвува со млеко, како во Англија, благотворното влијание на катехините од зелениот чај се губи.

НАПОМЕНА: Луѓе со срцеви проблеми, висок притисок, бубрежни проблеми, психички проблеми, не би требало да консумираат зелен чај, како и трудници и доилки. Исто така, зелениот чај не смее да се меша со некои лекови, бидејќи содржи кофеин, па ако имате историја на болеста и примате медицинска терапија, треба да се посоветувате со лекар.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>