Фармацевти
Контакт

<< Назад

Ендорфини

јуни 2, 2016

Хормони на среќата, љубовта и радостад-р Александар Канчелов,
спец. по психијатрија и лекување болести на зависности

 Лачењето ендорфини е стимулирано и од малите нешта, кои го прават животот пријатен, како што се сончеви зраци, пријатна прошетка, чоколадо, допир на сетилните ароми. И најважно, насмевка! Тоа е сигурно најмоќниот стимулатор за производство на ендорфин. Насмевнувајте се 10 пати на ден, тренирајте ја насмевката!

Што се ендорфини?
Тие се сè уште една загатка. Се нарекуваат хормони на среќата, но и самата среќа е загатка. Нивното присуство во организмот на човекот е уочено со научни истражувања во средината на 70-тите години, кога се извршени и експерименти на рецепторниот систем.

Ендорфините се невротрансмитери, супстанции кои на биохемиско ниво влијаат на психичката состојба на човекот, со посредство на невролошки врски, спроведување на импулси во мозочните структури. Ако набљудуваме од аспект на расположението, до лачење на ендорфини доаѓа во различни состојби, како што се радост, среќа, задоволство. Директно или посредно, како и со заемно дејство на некои други основни невротрансмитери, ендорфините, исто така, имаат свои соодветни популарни називи: за љубов (окситоцин), за радост (допамин, серотонин). Ендорфините во основа се поврзани со психичкото доживување на задоволство и пријатност. Но, токму заемното дејство на тие основни и други медијаторни супстанции дава целосна слика на нашето расположение.

Каде во организмот се ослободуваат ендорфините и која е нивната улога?
Ендорфините се произведуваат главно во хипофизата и хипоталамусот. Нивното име одговара на нивната функција: внатрешни морфини. Неопходни се за да чувствуваме мир, задоволство, пријатност, понекогаш еуфорија, радост, а понекогаш среќа, како и за да можат делумно да се неутрализираат или блокираат доживувањата на стрес, психичка и физичка болка. Секоја мисла, доживување и момент од нашето постоење влијае на психофизичката состојба на организмот со посредство на овие невротрансмитери и нивните интеракции, како и нивното заемно дејство. Но и покрај тоа, сонот за таблета која лесно ќе ни донесе среќа, останува само сон.

Дали да подлегнеме на сонот за таблета?
Настојувањето да бидеме подобро, да имаме пријатни доживувања, да се чувствуваме радосно и среќно, е целосно природно. Искушението, особено на младите луѓе во тинејџерска возраст, тоа да го постигнат брзо и лесно со помош на наркотици, се засилува со нивната желба да бараат интересни и различни доживувања, да го копираат однесувањето на постарите, да експериментираат. Од друга страна, за адолесцентите е својствено чувството на надмоќ и потценување опасности. Нивното ниво на созревање на мозочниот систем е во таа фаза. Поради тоа доаѓа и до барање задоволства на што побрз начин. Тоа не е нужно поврзано со недостиг, депресија или дисбаланс: тоа е природна желба „да ми биде подобро, да пробам“, здружени со уверувањето дека „за мене не постои ризик“ и  дека болестите на зависност се случуваат само на други, дека не постои ризик од создавање зависност. Опасно, лажно и потполно погрешно.

Што се случува кога вештачките опијати ќе се најдат во организмот?
Кога наркотичните супстанции ќе дојдат до мозокот и дејствуваат преку истите опијатни рецептори, за кои се врзуваат и ендорфините, доаѓа до дисбаланс. Ова доведува до патолошки промени и трансформации. Еден од основните ефекти е оневозможување на производство на ендорфин, затоа што постои присуство на вештачки опијати. Така се блокира нивното производство.

Кога надворешните супстанции вештачки го активираат мозокот, тогаш прагот за активација на истите или слични надразнувања се зголемува и се потребни сè поголеми нивоа. Саканиот ефект се постигнува со сè поголеми дози, од таа причина во текот на редовни консумирања се јавува и потреба за внесување поголеми количини од овие супстанции. Кај вистинските зависници, лицето веќе има болест на оштетување на мозокот, и тогаш тоа не зема дрога од задоволство, туку да не му биде лошо и да избегне непријатност.

Заздравувањето на ендорфиниот систем е главна цел во современото лекување на зависност од хероин и други опијати. Кај многу луѓе тоа е можно, но бара прецизна медикаментозна и психичка терапија, долго време откако престанале да употребуваат наркотици и откако се вратиле на нормалниот начин на живот.

Како можеме на природен начин да го стимулираме производството на ендорфини?
Сите работи, кои прават човек да се чувствува добро и пријатно, го активираат производството на ендорфин. Но, овој процес е двонасочен: поголеми нивоа на ендорфин доведуваат до пријатни чувства, а тоа влијае дополнително да го работиме она што ни носи радост, што доведува до производство на ендорфин.

Ако треба да дадеме рецепт, еве десет работи кои би помогнале. На прво место, правилен начин на живот и исхрана, правилна физичка, психичка и емотивна активност. Добра рамнотежа меѓу работната ангажираност, слободното време, времето за блиските, семејството, пријателите, психичкиот свет и време за одмор. Физичка активност, како и масажи. Масажа на одредени зони на одреден начин, професионална акупунктура, но на прво место самомасажа – секој може да научи неколку почетни техники, кои буквално за минута можат да го подобрат тонусот, работната способност, енергијата и чувството на хармонија.

Постојат интересни истражувања и за влијанието на уметноста, музиката и сликарството кај некои болни состојби и процеси. Пријатните доживувања имаат и благотворен ефект низ активирање на нивото на ендорфин. Ендорфините се и најмоќна природна медицина за подобрување на дејствувањето на имунолошкиот систем.

Лачењето ендорфини го стимулираат и мали нешта, кои го прават животот пријатен, како што се сончеви зраци, пријатна прошетка, чоколадо, допир на сетилните ароми. И најважно, насмевка! Тоа е сигурно најмоќниот стимулатор за производство на ендорфин. Насмевнувајте се 10 пати на ден, тренирајте ја насмевката!

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>