Фармацевти
Контакт

<< Назад

Есенски свеќници

септември 28, 2016

Романтика од теглите на бабаБојана Бугарски

Секое домаќинство ги има во домот, а од пред неколку години при спомнување на зборот тегла првата асоцијација на сите ни беше зимницата. Меѓутоа, теглите стануваат сè попопуларни, па многу кафулиња почнаат во нив да ги служат соковите, па дури и храна, а со малку поголема фантазија може да послужат за декорација на домот

Есента пристигна и со себе донесе лошо време и дожд, но и преубави бои на природата. Ви предлагаме во вашиот дом да внесете есенски детали со пастелни и златни бои на есента, кои, секако, може да ви го подобрат расположението, а просторот во кој престојувате да го направат поубав и потопол. Наш предлог е да ги освежите теглите со есенски детали и да ги претворите во прекрасни свеќници со многу малку пари.

Сè што ви е потребно за првиот свеќник, покрај тегла и, се разбира, свеќички, е лепило за декупаж техника и исушени лисја кои во парковите можете да ги најдете во различни бои. Премачкајте дел по дел од теглата со лепило и залепете го листот кој, исто така, сте го премачкале со лепило. Обложете ја целата тегла на тој начин, а кога лепилото ќе се исуши, до половина наполнете ја со каменчиња, кафе, ориз за да ја издигнете свеќата и полесно да ја ставите во теглата.

Вториот свеќник, исто така, ќе го направите многу едноставно. На колаж-хартија нацртајте лист, исечете го и залепете го на измиена и добро исушена тегла. Премачкајте ја целата тегла со акрилна боја два-три пати и кога бојата ќе се исуши, полека одлепете ја хартијата која останала под бојата.

Теглата можете да ја украсите со коноп, обичен или во боја.

Запалете ги свеќичките, подгответе некој топол напиток и препуштете се во уживањето во романтична атмосфера на вашиот ентериер.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>