[vc_column width="1/1"]
Ароматичен антисептик
проф. д-р Радиша Јанчиќ
Eucalyptus globulus Labill., (фамилија Myrtaceae) – евкалиптус, гуми-дрво
Евкалиптусот е високо дрво со светла кора, која се лупи во широки ленти. Како самоник расте во Австралија и Тасманија, од каде е пренесен во топлите краеви во целиот свет. Евкалиптусите брзо растат, имаат силно развиен коренов систем преку кој впиваат големи количини вода. Ако растат на мочуришен терен, подлогата брзо ја сушат и на тој начин индиректно дејствуваат против маларија.
На родот Eucalyiptus му припаѓа и највисокото дрво меѓу цветниците – Eucalyptus regnans, евкалиптус владетел. Овој вид евкалиптус расте и до 114,4 метри! Евкалиптусот владетел расте во планинските области на југоисточна Австралија, Тасманија и Викторија на надморска висина од 1 000 метри. Овој вид расте многу брзо, повеќе од метар годишно, и може за 50 години да порасне до висина од 65 метри. Просечниот век на ова дрво е околу 400 години.
Највисокиот жив примерок е наречен Centurion (Centurion е офицер во војската на Римското царство, кој командува со единица од 100 војници) денес расте во Тасманија и висок е 100 метри. Покрај Centurion на Тасманија расте и Icarus Dream (синот на Икар), висок 97 метри и уште 16 стебла високи околу 90 метри.
Во рамките на фамилијата Myrtacaea, на која £ припаѓа евкалиптусиот, има и зачински видови, како што се пимент – Pimenta dioica, каранфилче – Syzygium aromaticum, овошје гуава – Psidium guajava.
Листовите на евкалиптус се јајцевидни или издолжени во облик на стрела, со сино-зелена боја, кожести и миризливи која ќе се скинат. Цветовите се поединечни, седечки, цврсти, четириделни чашки. Цветното венче формира поклопец кој отпаѓа при отворање на цветот. Прашниците се бројни, со бели филаменти. Плодот е чушка, а семето црно, ситно, аглесто.
Растителната гума, кино, растението ја лачи на местото на повреда, па оттаму и називот гуми-дрво. Главна состојка е кинонтанинска киселчина (70-80%), која се користи поради своите адстригентски особини (ја стега површината на кожата и слузокожата).
Од листовите на евкалиптус се дестилира етерско масло со сложен состав и широка употреба. Маслото дејствува антимикробно, па се користи како антисептик. Го олеснува дишењето и искашлувањето, па се употребува за инхалација при настинки. Се користи и надворешно при ревматски болки и инфекции на кожа. Во козметичката индустрија се употребува за изработка на пасти за заби, раствори за испирање на усната празнина, пастили и мастики.
За екстракција на етерското масло се користат и E. citriodora, E. fructicetorum и други видови на овој броен австралиски род. Етерското масло може да биде отровно во поголеми количини. Сепак, коалите и опосумите – мали торбари, се хранат со листови на ова растение, бидејќи развиле извесна толерантност кон токсичното дејство на маслото.