Фармацевти
Контакт

<< Назад

Фустани за свечени прилики

декември 1, 2015

[vc_column width="1/1"]

Орман од соништата

Марија Јоксимовиќ

Модните критичари сметаат дека постојат тоалети кои влегле во историјата на модата како неизбришливи креации во нашето колективно сеќавање, како лелеавиот бел фустан на Мерилин Монро од филмот Седум години верност и тесната, црвена креација која во филмот Згодна жена ја носеше Џулија Робертс

Ако денес две жени водат дијалог на тема како треба да изгледа фустан за свечени прилики, најверојатно нема да се согласат ни околу материјалот, ни околу кројот, ни околу украсите, но, секако, ќе се согласат околу тоа како свечениот фустан не треба да изгледа. Имено, не смее да изгледа обично! Некогаш било лесно. Во времето на барокот, на пример, се знаело дека свечениот фустан мора да има висока половина, со големи ракави, раскошно деколте, мидер, кринолина, богато украсено надздолниште и подздолништа кои паѓаат како водопад.

Класификацијата на свечените фустани на невестински, мали црни, балски, матурски, коктел или вечерни, исто така, не е од голема помош, бидејќи, на пример, „малиот црн“ може да биде и коктел и вечерен, а балскиот може да изгледа како невестински и обратно. Дури ни околу украсувањето и давањето свечен тон нема согласност, а термините „малку“, „многу“ или „претерано“ се повеќе од растегливи. Ледено сината Versace тоалета на леди Дајана, сошиена од сина свила и рачно украсена со златни и стаклени перли, во која принцезата од Велс се појавила на насловната страница на Harper’s BAZAAR кратко време пред трагично да го загуби животот, завршила заборавена во архивата на атељето Versace, сè додека речиси две децении подоцна угледна аукциска куќа не ја понудила на продажба, а нејзини копии почнале да никнуваат на сите страни.

Дали е тоа поради тоа што денес важи правилото дека „правило нема“? Веројатно. Но, дали во некој имагинарен „орман од соништата“, сепак, има фустани за свечени прилики кои кај повеќето жени ќе предизвикаат воздишки од воодушевување? Ако го прашате Хал Рубинштајн, писател, дизајнер, и уредник на магазинот InStyle, чии модни колумни ги објавуваат The New Yorker, Elle, Vogue, Vanity Fair, одговорот е потврден. За сите љубители на модата  тој ја објавил  раскошно илустрираната книга „100 незаборавни фустани“, во која ги избрал највпечатливите, фасцинантни фустани кои ги носеле дамите од светот на филмот, телевизијата и светскиот џет-сет, чудесни фустани кои, како што се вели, „се неизбришливи во нашите колективни сеќавања“.

100 незаборавни фустани

Книгата „100 незаборавни фустани“ има повеќе од 200 фотографии на раскошни креации на фустани за свечени прилики, но и духовити анегдоти и ексклузивни интервјуа со дизајнери и жени кои ги носеле со голем стил, па ништо необично што книгата е светски хит,а  многумина ја сметаат и за модна библија и енциклопедија на гламурот. Меѓу топ-тоалетите во неа се нашле и невестинскиот фустан на Каролина Кенеди, ќерката на убиениот американски претседател Џон Кенеди, која инспирирала генерации невести, ексклузивните шик фустани на нејзината мајка Жаклина Кенеди Оназис, ексцентричната провокација на Џинџер Роџерс, направена од перја од ној и многу други тоалети за кои се смета дека и покрај годините (некои се „стари“ и 100 години) и понатаму се иновативни и креативни, и дека „дефинитивно го промениле лицето на модната историја“.

Грдото патче и лебедот

Може ли совршениот фустан за свечени прилики да го претвори грдото патче во лебед? Кој го гледал култниот филм „Згодна жена“ од 1990 година, се уверил дека може. Џулија Робертс за улогата на „деловната придружничка“ Вивиен е наградена со Златен глобус за најдобра женска улога, за што секако придонела и нејзината чудесна трансформација која ја доживеала облекувајќи тесен, долг, црвен фустан со потпис на Мерилин Ван Стракер.

Мерилин Монро била убава девојка, но свилениот и блескав фустан украсен со 2 500 светликави кристалчиња, толку тесен што „глумицата била буквално шиена во него“, како што велат хроничарите на модата, ја претворил во вамп-жена, неизбришлив секс-симбол. Ово чудо од фустан, во кој Мерилин во 1962 година му ја испеала роденденската песна на претседателот Џон Кенеди, изгледајќи како да е облечена само во пулејки, њујоршката аукциска куќа Кристи ја продала многу години подоцна за повеќе од милион долари. Уште еден нејзин фустан доживеал огромна неминлива слава, иако од времето кога го носела поминале точно 60 години. Тоа е белата тоалета од „Седум години верност“ (The Seven Year Itch), филм снимен во 1955 година, во кој воздухот од подземната железница го крева нејзиниот фустан и £ ги открива нозете. Оваа тоалета е продадена пред 4 години за неверојатни 5,6 милиони долари, а во 2015 е избрана за „најубав фустан во последните 100 години“.

Сонувајќи го Диор

Кога анонимната Шарлота Смит наследила околу 3 000 ексклузивни тоалети и аксесоари, сошиени во периодот од 1790 до 1995 година, кои нејзината кума Дорис Дарнел, славна модна колекционерка ги собирала со децении, на нејзината среќа и немало крај, бидејќи во колекцијата имало оригинални фустани на Диор, Унгаро, Шанел и останати славни креатори. „Ова е колекција на животот и сакам да ја поделам со светот“, изјавила наследничката објавувајќи и книга „Сонувајќи го Диор“ (Dreaming of Dior), во која го прикажала „патот“ на 140 ексклузивни фустани, кои ги носеле славни жени.

Според авторката, во изборот на фустан за свечени прилики се вткаени сни за љубовта, желбата да се биде виден, вербата во позитивна промена по рецептура од бајките, во која Пепелашка во чудесна тоалета станува принцеза. И навистина, добро избраниот свечен фустан прави и обичната жена да се чувствува како на црвен тепих, а нашиот изглед во многу зависи од тоа „како се чувствуваме“, па тоа е еден вид магепсан круг.

Современата слобода на облекување и кога се свечените фустани во прашање, £ дава на секоја жена можност да биде гламурозна, се разбира, под услов да ги следи своите чувства и да се одлучи за нешто што, пред сè, нејзе £ одговара и што може да го изнесе на најдобар начин. Иако за модата често се вели дека е „диктаторска“,  треба да се избегне по секоја цена да се следи она што можеби во тој момент е актуелно, бидејќи колку и да е убаво, доколку во некоја креација се чувствуваме како во „туѓа кожа“ и најубавата тоалета се претвора во промашување. Со други зборови, дозволени се и егзотични материјали, необични украси, несекојдневни кроеви и неочекувани комбинации, под услов да не се застапени на еден фустан, бидејќи свечениот фустан треба да биде елегантен, а со елеганцијата неминовно се поврзува и едноставноста. Пренакитени и претерано разголени тоалети не поминуваат ни кога ќе ги облечат славните жени и ги потпишуваат и најславните модни дизајнери, напротив, тие предизвикуваат неодобрување на околината и на циничните модни критичари.

Затоа, за да бидеме убави и добро да се чувствуваме во фустанот за свечени прилики, потребно е да се испочитуваат неколку модни совети, од типот дека ако немате претерано долги нозе немојте да носите фустан со спуштена половина, или ако имате широки колкови не бирајте тоалета со украси на колковите, наменета за малку поситна градба. Сето останато се детали, па дури и изборот на материјал, кој не мора да биде скап за да биде впечатлив. Дури и добро скроен фустан, лелеав, комбиниран со шифон, фини чорапи и елегантен блејзер и чевли, може успешно да замени  свечена тоалета за време на зимските празници.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>