Фармацевти
Контакт

<< Назад

Габична инфекција на ноктите

август 25, 2015

[vc_column width="1/1"]

Естетски и здравствен проблем

Милица Алексиќ

Габичните инфекции на ноктите можат да бидат тешки за лекување, честопати повторно се јавуваат, па не треба да се лекуваме „на своја рака“, туку исклучиво во консултација со лекар и фармацевт

Габичната инфекција на ноктите или онихомикоза, најчесто се јавува на прстите на нозете, така што болеста ја напаѓа прво внатрешната страна на плочата на нокотот. Во почеток, инфекцијата е незабележителна, сè додека не почне да се шири, а нокотот ќе ја промени бојата. Можат да се јават и болки при одење.

Причините можат да бидат повреда, некои видови спорт (пливање, трчање, планинарење), носење тесни чевли и синтетски чорапи. Со годините ноктите побавно растат и помалку се отпорни на инфекции. На инфекции се поподложни луѓе кои имаат ослабен имунитет, проблеми со циркулацијата и оние кои прекумерно се потат.

ПРЕВЕНТИВА: Габичната инфекција на ноктите е естетски и здравствен проблем. Се превенира со внимателно сушење на рацете и нозете по миење. Непрофесионален маникир, отстранување на кожата околу ноктите, може да овозможи продор на бактериите. Треба да се избегнуваат тесни чевли, правилно и редовно да се сечат ноктите и да се носат чисти, памучни чорапи. Во заедничките соблекувални, на базен, се препорачува користење влечки, за да се избегне контакт со габичките на кои им одговара топла и влажна средина.

ДИЈАГНОЗА: Се поставува врз основа на клинички преглед, како и врз основа на земен примерок. Правилното земање примерок од нокотот е важно заради правилно поставување дијагноза и соодветна терапија, зашто во спротивно може да дојде до несоодветно лекување.

ЛЕКУВАЊЕ: Онихомикозата ја предизвикуваат дерматофити, потоа габички од родот Candida, а терапијата ја препишува лекар. Габичните инфекции на ноктите можат да бидат тешки за лекување, честопати повторно се јавуваат, па не треба да се лекуваме на „своја рака“, туку исклучиво во консултација со лекар и фармацевт. Терапијата со гризеофиулвин трае повеќе од една година, па успехот е слаб. Тербинафин и итраконазол се поефикасни, по-брзо достигнуваат висока концентрација во ноктите, а терапијата трае три месеци. Помагаат и антибактериски спрејови, масло од кантарион, купки од ѓумбир и оригано.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>