Фармацевти
Контакт

<< Назад

Гајба полна со сни

ноември 1, 2016

Катче за одмор на вашиот миленикБојана Бугарски

Мебел од дрвени палети и гајби сè почесто ги краси просториите на многу модерни и со стил уредени станови. Многу идеи како да се искористат, но овој пат подарете му нешто ново на вашиот домашен миленик, а сите кои имаат миленици знаат дека тие се рамноправни членови на семејството и дека среќата и љубовта кои може да ги дадат се немерливи

Еве прекрасна идеја да ги израдувате и нив и себе со ново парче мебел, така што многу едноставно ќе трансформирате гајбичка за овошје и зеленчук во уникатно место за одмор и спиење на вашиот миленик.

Вклопете го во декорот на самиот стан, потребни ви се малку фантазија, креативност и љубов. Сигурни сме дека ќе уживате, а и добро ќе се забавувате.

21За почеток набавете гајбичка, која може да ја најдете во некој од супермаркетите или на  пазар. Со чекан и клешти тргнете ја првата штица од предната страна а потоа целата гајбичка исшмирглајте ја. На гајбичката прво можете да нанесете прајмер за бојата поубаво да фати, а можете веднаш да ја обоите со боја за дрво по ваш вкус. Кога бојата ќе се исуши, со темпера исцртајте детали и мотиви кои се карактеристични за вашиот љубимец. Остана уште перницата да ја ставите во материјал, еднобоен, кариран, со точки, можности има многу и ставете ја во гајбичката. И...креветот е подготвен!

Ви останува уште вашиот миленик да го запознаете со новото креветче. На некои можеби ќе им биде потребен период на привикнување, а некои веднаш ќе скокнат во своето ново катче. Како и да е, сигурни сме дека слатките сништа нема да изостанат.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>