Фармацевти
Контакт

<< Назад

Ѓердани за сите прилики

јануари 4, 2016

[vc_column width="1/1"]Катарина Вијатов

За да имате неколку оригинални парчиња накит, не мора да одите во продавница и да трошите пари, доволно е во домашна атмосфера да си поиграте со материјалот кој го имате и со помош на фантазијата, ножички и лепило да направите уникатни ѓердани за различни прилики

Необични ѓердани од домашна изработка веќе неколку години не излегуваат од мода, се носат од утро до вечер, а можат да бидат и одличен подарок за некоја драга личност, бидејќи кога се жените во прашање важи старото правило дека „накитот никогаш не е доволен“. Ние направивме седум различни ѓердани. Од материјал и алат користевме: свилени и кадифени ленти, ружи од платно, перли, безопасни, циркони, метално синџирче, пластични лажички, игли, конец, ножички, златен спреј, лепило...

  1. Чокер ѓердани: Секогаш модерни, се изработуваат од кадифена или свилена лента, на која се додаваат перли, медалјони, еден голем и повеќе мали цветови, во зависност од инспирацијата. Ние направивме четири различни, црвен од кадифе со бела ружа, црн со нанижани бисери, нежно син со ситни цветчиња и перли, робустен со метални копчиња и приврзок од безопасни на кој се нанижани црвени перли.



  1. Синџирче и ленти: Обично метално синџирче со протнати свилени ленти за неколку минути се претвора во ексклузивен накит, кој можете да го приспособувате на облеката, така што секој пат ќе се инспирирате да протнете други ленти од различни материјали, свила, волна, конец, во склад со бојата на облеката и модните додатоци.



  1. Ѓердан од лажички: Иако на прв поглед изгледа дека е комплициран, овој ѓердан од пластични лажички најмногу бара – трпение. На пластичните лажички треба внимателно да им се исечат дршките, па со вдлабнатата страна да се спојат со леплива лента во ласкошна низа. Потоа треба да се испрскаат со златен спреј и да се почека да се исуши. Од три сатенски ленти се прави ѓердан во вид на плетенка, а краевите се врзуваат во јазол и се лепат за крајните лажички. Ќе добиете импресивен масивен ѓердан, со кој нема да се посрамотат ни врвните дизајнери.


ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>