Фармацевти
Контакт

<< Назад

Херпес зостер

септември 21, 2016

Кога имунитетот ќе падне...д-р Кристина Давидовиќ

Се активира при замор и исцрпеност на организмот, стрес и повреди, силни физички напори и изложеност на екстремни температури, како и контакт со заразено лице

Кој прележал овчи сипаници кои ги предизвикува вирусот варичела-зостер, може подоцна во текот на животот да има и херпес зостер, бидејќи во прашање и ист вирус. Вирусот останува неактивен во телото, но како резултат на паднат имунитет, стрес и трауми, се реактивира кај околу 15-20 насто од луѓето и тогаш предизвикува херпес зостер. Реактивацијата може да настане во која било доба од животот, а обично се случува помеѓу педесетта и седумдесетта година од животот.

Симптоми: Карактеристични симптоми се силна чувствителност на зафатената регија, црвенило на кожа и болка, чувство на жарење, јадеж, печење, покачена телесна температура и главоболка. Многу брзо се создаваат плускавци како гроздови, а потоа и красти. Акутната фаза обично трае една недела до две, по што плускавците преминуваат во красти, а болката се намалува и се губи. Во ретки случаи на херпес зостер болката и плускавците изостануваат.

Лекување: Штом ќе се јави некој од симптомите, како болка и црвенило на кожа, треба  да се јавите на лекар кој ќе одреди дијагноза и ќе препише антивирусни лекови кои ќе влијаат на текот на болеста и понатамошно размножување на вирусот. Во лекување на херпес зостер се користат и кортикостероиди. Помагаат и витамини од Б-групата.

Компликации: Навремената посета на лекар кој ќе препише терапија може да ги спречи евентуалните компликации, кои се најчести кај пациенти од постара доба. Најчеста компликација е постхерпетична невралгија, со симптоми болка, јадеж и трнење, иако херпес зостерот се повлекол. Постхерпетичната невралгија може да трае со месеци, па дури и повеќе години.

Инфекција: Иако херпес зостер не е заразен како овчите сипаници, лицата кај кои болеста е во фаза на плускавци може вирусот да го пренесат на други, особено на оние со слаб имунитет, како бебиња и луѓе во трета доба.

Совет: Заболените од херпес зостер треба доследно да ја спроведуваат терапија која им ја препишал лекар и да избегнуваат физички контакт со други луѓе додека болеста е во акутна фаза, редовно да се хранат, да се одмораат и да избегнуваат стрес.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>