Фармацевти
Контакт

<< Назад

Хидратација на организмот со овошје и зеленчук

јуни 23, 2015

[vc_column width="1/1"]Лејла Беговиќ

Пиењето два литра вода на ден не е единствен начин да бидеме хидрирани, бидејќи околу 20 насто од течностите ги внесуваме во организмот и преку храна. Овошјето и зеленчукот се богати со вода, но содржат и минерали, витамини и хранливи материи, па покрај одржување на оптимално ниво на течности, ја подобруваат комплетната состојба на организмот и ја регулираат работата на кардиоваскуларниот систем, системот на органите за варење, како и работата на имунолошкиот систем.

Јаболкото во просек содржи околу 82 насто вода, па ако изедеме едно од 120 г, тоа  е исто како да сме испиле 100 мл вода, а во организмот сме внеле и калиум, глукоза, фруктоза, јаглехидрати и други хранливи материи.

Краставица со тежина од 80 г содржи голем процент вода, дури преку 95 насто, а има и многу витамин Ц, а благодарение на поволниот однос на натриум и калиум  спречува задржување на вода во организмот.

Црешите имаат 81 насто вода, многу освежуваат, содржат и витамин Ц, калциум, калиум и фолна киселина, а, исто така, и пигмент антоцијанин, кој е антиоксидант што ја подобрува работата на мозокот и способноста за помнење, а благотворно дејствува и на кожата штитејќи ја од стареење.

Праските, дињите и јагодите содржат многу вода (од 80 до 92 насто) и богати се со калиум, па кога електролитите се губат со потење, калиумот и натриумот заедно работат на одржување на нивото на течности во организмот, затоа нивното консумирање помага во регулирање на пулсот и циркулацијата.

Лубеницата, кивите и лимонот можат да обезбедат дури една третина од дневните потреби за вода (една голема порција), а имаат и многу витамин Ц, чија улога во организмот е повеќекратна.

Гравот се одликува со избалансирана комбинација на протеини и јаглехидрати, а една шолја грав заменува пола чаша вода.

Целерот има 75 насто вода, богат е со натриум и калиум, па е одлична намирница за надоместување на електролити, кои се губат со потење и физичка активност.

Доматот во својот состав содржи околу 95 насто вода, а богат е и со антиоксидантот ликопен, кој го намалува ризикот од канцер.

Брокулите имаат околу 90 насто вода и содржат соединенија изотиоцинати, кои ги штитат клетките од оштетувања на ДНК со различни механизми кои ги инактивираат канцерогените.

Карфиолот содржи околу 92 насто вода, одличен извор е на влакна, витамини К и Ц.

Малинките, исто така, се богати со вода, 100 г содржат од 78 до 91 насто вода, а оваа количина ја задоволува дневната потреба за витамин Ц.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>