Фармацевти
Контакт

<< Назад

Хиперхидроза

јуни 23, 2015

[vc_column width="1/1"]Прекумерно потењед-р Светлана Миниќ, дерматовенеролог
Специјалистичка ординација за кожни и венерични болести Д-р Бојиќ, Белград

Иако изгледа како тривијален проблем, зголеменото потење е непријатна состојба и видлив проблем, од кој страдаат околу три насто од луѓето, но бројот веројатно е поголем

Зошто се потиме? Основната улога на потењето е терморегулација, може да се јави дење и ноќе по кожата на целото тело. Друг тип на потење е емоционалното, кое секогаш е дневно и главно е ограничено на лицето, пазувите, дланките и табаните. Центрите за овие два типа на потење се одвоени и се наоѓаат во различни регии на мозокот. На телото има помеѓу два и пет милиони потни жлезди. Најгусти се на челото, на главата, на дланките и табаните.

Како се манифестира? Хиперхидрозата влијае на сите аспекти на животот! Потењето е видлив проблем и предизвикува и големи психички тегоби. Се манифестира секојдневно: постојана грижа како да се скрие проблемот од околината, често пресоблекување, бришење на рацете и нозете или отсуство од работа. Не се ретки ни емоционалните проблеми, дури и депресија, социјална изолација и губење на самодовербата. Повеќето заболени ги опишуваат тегобите кои почнуваат уште во детството или пубертетот.

Примарната фокална хиперхидроза најчесто се јавува на одредени делови на телото, главно симетрично ја зафаќа десната и левата страна на телото. Иако повеќето заболени имаат барем една епизода на потење во неделата, во текот на сонот нема потење. Секундарната хиперхидроза е предизвикана од некоја друга болест или е несакан ефект од некои лекови. Потењето зафаќа значително поголеми површини на телото, често и целото тело, па се нарекува и генерализирана хиперхидроза. Овие болни најчесто се потат при спиење.

Разликуваме два облика на заболувањето: идиопатска или примарна хиперхидроза, кога не постои никакво друго заболување или состојба и секундарна хиперхидроза, која се јавува во рамки на инфекции, малигни болести, невролошки или ендокрини болести, повреда на ’рбетниот столб и системски болести на сврзното ткиво. Примарната се дели на фокална, кога се зафатени делови на телото (дланки, пазуви или табани), и генерализирана, кога потењето е изразено по целото тело. Најчесто е комбинирана хиперхидроза на дланките и табаните, а најретко е засилено потење на лицето, кое може да е предизвикано од  емоционална напнатост, топлина или зачинета храна. Во 25-50 насто од случаите постои пореметување кај членовите на семејството, кога веројатноста дека ќе се појави и кај детето е околу 25 насто.

Лекување

Електрофореза: Од 1984 година прифатена е како официјална тераписка постапка во лекување на хиперхидроза од страна на ФДА (Американска агенција за храна и лекови). Многу дерматолози ја сметаат за прва терапија, која треба да се примени првенствено при засилено потење на дланките и табаните. Доколку се користи правилно ефикасноста е околу 83 насто.

Ботокс: Во 2004 година ФДА ја одобрила употребата на ботоксот во лекување на аксиларна хиперхидроза. Ботулинскиот токсин е природен, прочистен протеин, кој има способност привремено да го блокира ослободувањето на невротрансмитери во нервните завршетоци, и така ја блокира секрецијата на потните жлезди. Со таквата „блокада“ ботулинскиот токсин го „исклучува“ потењето на местата каде е вбризган. За жал, ефектот не е траен, симптомите постепено се враќаат, најчесто помеѓу 7 и 16 месеци. Тогаш е потребно да се повтори тераписката постапка, која се изведува со тенка игла, со која поткожно се вбризгува ботокс. Постапката може да биде болна, особено на дланките и табаните.

Хируршки интервенции: Постојат повеќе хируршки методи, со локална хируршка техника се отстрануваат потните жлезди со киретажа, ексцизија и липосукција од  пазувите. Меѓутоа, по подобрувањето кое е минливо може да се развие компензаторно потење, т.е. појава на обилно потење на други делови на телото, на пр., градите, грбот, стомакот, нозете или на лицето. Ова се јавува кај околу 90 насто од оперираните болни.

Медикаменти: Се користат лекови од групата антихолинергици, бета блокатори и клонидин хидрохлорид, тие можат теориски да го намалат потењето, дејствувајќи на сите потни жлезди. Не се препорачува нивна долготрајна употреба! Овие лекови имаат сериозни несакани ефекти, поради кои не се препорачува нивна подолга употреба. Најчесто се јавува: сувост во устата, заматување на видот, оштетување на видот, на говорот, на вкусот и на џвакањето, ретенција на урината, запек, срцебиење.

Секојдневен живот: Се препорачува секојдневно капење со антибактериски сапуни за да се намали бројот на бактериите на кожата, кои го создаваат непријатниот мирис. Користете антиперспиранти, наутро и навечер. Ако ги користите еднаш дневно, нанесувајте ги навечер. Може да се нанесуваат и на дланките, табаните и под пазувите.

Облеката да биде од природни влакна: памук, свила или волна, која ќе ѝ овозможи на кожата да дише. Истата често перете ја. Набавете „dress shields”, влошки кои можат да се држат под пазувите, за да го впијат вишокот пот. Доколку вашите стапала се влажни, менувајте ги често обувките и чорапите, а кога можете одете боси. Избегнувајте зачинета храна, алкохол или топли пијалаци. На некои им помагаат вежбите за дишење, самоконтрола, јога или техники на дишење, секаков вид рекреација која ослободува од стресот.

Препарати кои ги олеснуваат тегобите

Дезодоранси: не можат да го спречат потењето, но го спречуваат мирисот настанат со дејство на бактериите. Ефектот трае неколку часа и во текот на денот може да се нанесуваат повеќе пати.

Антиперспиранти: се нанесуваат локално, на површината на кожата. Ги блокираат изводните канали на потните жлезди или ја намалуваат снабденоста со крв на потните жлезди, па потењето е отежнато. Се користат соли на метали, алуминиум хлорид хексахидрат е најефикасен. Во концентрации од 10 до 15 насто се нанесуваат во пределот на пазувите, додека за дланките и табаните се потребни поголеми концентрации, околу 30 насто. Исто така, може да се нанесуваат на лице. Се нанесуваат на сува кожа, без вода или пот, најдобро пред спиење, да стојат на кожата 6-8 часа. Ефектот е моментален, трае само неколу дена и не дејствува кај потешки состојби. Може да ја оштетат гардеробата, затоа бидете внимателни. Кога ќе се постигне задоволителен ефект, третманите можат да се прават поретко. Може да се користат заедно со дезодоранси. Сите компликации или иритации пријавете ги на вашиот дерматолог!

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>