Фармацевти
Контакт

<< Назад

Хипертензија и летни температури

август 3, 2019

Хипертензија е состојба кога крвниот притисок во артериите е покачен, при што срцето треба да работи напорно за да може крвта да циркулира низ крвните садови.
Жанина Ристова
м-р по фармација
ПЗУ Аптека Жанина,
Струмица
Високите температури не им годат на луѓе со хипертензија, бидејќи предизвикуваат ширење на крвните садови, нормален механизам, што води до поинтензивна циркулација во кожата и соодветно на тоа организмот се лади преку потта, со што се губат течности. Преку потењето се губат и минерали: натриум, калиум, магнезиум. Натриумот се надоместува преку солта во храната, калиумот го има во доволна количина во овошјето, а најчесто недостига магнезиумот, кој организмот го губи многу брзо, а е доста важен за срцевиот мускул.
Топлото време најчесто провоцира драстични промени во вредностите на крвниот притисок. Во таква состојба луѓето со хипертензија мора да се придржуваат на препишаната терапија и редовно да ја земаат, а пожелно е да ги следат следниве препораки:
- во летните горештини, внесувајте многу течности (вода, свежи и ладни овошни сокови), а намалете со пиење кафе и газирани пијалаци;
- избегнувајте алкохол и ладно пиво;
- времето поминувајте го во изладени простории и не излегувајте надвор од 11 до 17 часот;
- јадете свежа, зеленчукова и лесна храна која ќе ви помогне да се чувствувате подобро и полесно да ја преживеете топлината;
- јадете риба, таа е извор на протеини и е замена за месото.
За да можете полесно да ја поднесете топлината во лето, треба да се подготвувате од пролет, следејќи ги корисните совети од вашите BETTY фармацевти.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>