Хипертензија е состојба кога крвниот притисок во артериите е покачен, при што срцето треба да работи напорно за да може крвта да циркулира низ крвните садови.
Жанина Ристова
м-р по фармација
ПЗУ Аптека Жанина,
Струмица
Високите температури не им годат на луѓе со хипертензија, бидејќи предизвикуваат ширење на крвните садови, нормален механизам, што води до поинтензивна циркулација во кожата и соодветно на тоа организмот се лади преку потта, со што се губат течности. Преку потењето се губат и минерали: натриум, калиум, магнезиум. Натриумот се надоместува преку солта во храната, калиумот го има во доволна количина во овошјето, а најчесто недостига магнезиумот, кој организмот го губи многу брзо, а е доста важен за срцевиот мускул.
Топлото време најчесто провоцира драстични промени во вредностите на крвниот притисок. Во таква состојба луѓето со хипертензија мора да се придржуваат на препишаната терапија и редовно да ја земаат, а пожелно е да ги следат следниве препораки:
– во летните горештини, внесувајте многу течности (вода, свежи и ладни овошни сокови), а намалете со пиење кафе и газирани пијалаци;
– избегнувајте алкохол и ладно пиво;
– времето поминувајте го во изладени простории и не излегувајте надвор од 11 до 17 часот;
– јадете свежа, зеленчукова и лесна храна која ќе ви помогне да се чувствувате подобро и полесно да ја преживеете топлината;
– јадете риба, таа е извор на протеини и е замена за месото.
За да можете полесно да ја поднесете топлината во лето, треба да се подготвувате од пролет, следејќи ги корисните совети од вашите BETTY фармацевти.

basketball jerseys cheap