Фармацевти
Контакт

<< Назад

Хипертензијата и летните температури

јули 1, 2017

Милена Исаковиќ

Влијанието на временските прилики на нашето здравје бил познат процес уште во времето на Хипократ, а денес со него се занимава и биометеорологијата, која ги проучува начините како надворешните фактори влијаат на нашиот организам, посебно при високи температури и временски осцилации. Тегобите кои ги чувствуваме при временските колебања често се јавуваат непосредно пред и после осцилации во температурата, атмосферскиот притисок, влажноста на воздухот и др. Најчувствителни се хронично болните и постарите лица.

Придржување кон терапијата: За да го ублажиме негативното влијание на времето на нашето здравје, потребно е да се следи биометеоролошката прогноза, бидејќи кога е ладно крвните садови се контрахираат, што го оптоварува срцето, а крвниот притисок расте, додека кога е топло крвните садови се шират, а притисокот паѓа. Чувствителните лица при промена на времето треба, покрај задолжително придржување кон терапијата и советите на лекарите, да избегнуваат физичка активност, да не излегуваат надвор кога е најтопло или при нагол пад на температурата, да внесуваат доволно течности и сл. Хронично болните, ако забележат дека состојбата поради временските прилики им се сменила, треба да го известат својот лекар. Може да помогне и лесна прошетка на свеж воздух, во природа.

Тегоби: Хипертензијата или висок крвен притисок некогаш е комбинирана со други здравствени проблеми како ризик-фактори (ангина пекторис, инфаркт на миокардот), а тегобите во вид на главоболка, вртоглавица, аритмија и несоници се јавуваат и до 24 часа пред силните временски осцилации. До акутни влошувања доаѓа, пред сè, кога атмосферскиот притисок и температурата ќе паднат, а ветерот ќе се интензивира.

Превенција: Високите температури и топлината не им годат на луѓе кои боледуваат од хипертензија, бидејќи поради потењето и ширењето на крвните садови крвниот притисок паѓа, а тоа колебање може да биде ризично по здравјето. За да се намали ризикот од компликации, потребно е секојдневно да се мери притисокот, да се намали консумирањето тешка и мрсна храна, да се внесува повеќе зеленчук, да се прекине со пушење и алкохол, а сите обврски да се завршуваат рано наутро и доцна попладне. Многу е важно да се внесат  околу 2 литра вода на ден, а препорачлива е онаа со магнезиум, бидејќи овој минерал е добар за кардиоваскуларниот систем. Разладувањето, исто така, може да биде опасно, па треба да се избегнуваат нагли промени на температурите, на пр., излегување од претерано разладена просторија надвор, на висока дневна температура. Ова важи и за патувањата со автомобил. Лицата со зголемен крвен притисок би требало на летните горештини да го намалат внесот на кафе, газирани пијалаци и вода збогатена со натриум.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>