Фармацевти
Контакт

<< Назад

ХИПЕРТИРЕОЗА

март 1, 2017

Заболување на штитната жлездад-р Виолета Ќулафиќ-Војиновиќ, специјалист по интерна медицина, ендокринолог, Општа болница Еуромедик

Хипертиреоза е состојба на забрзан метаболизам и изискува мирување во периодот до нормализација на вредностите на штитната жлезда, најчесто во текот на првите четири до шест недели од терапијата

Хипертиреоза е заболување на штитната жлезда кое настанува како последица на зголемени концентрации на хормоните на штитната жлезда во циркулацијата. Најчест причинител за хипертиреоза е автоимуната Гравесова болест, која почесто се јавува кај жените на возраст помеѓу 20 и 40 години отколку кај мажите. Зголемената активност на штитната жлезда може да биде последица и на хиперфункционален јазол, како и полинодозна токсична струма. Иста така, причина може да биде и претерано внесување хормони на штитната жлезда или присуство на тумори на хипофизата (многу ретко).

Симптоми
Доколку забележите некои од овие симптоми – гушавост, нервоза (порано таквите пациенти се лекувале кај психијатар), промени во расположението, неподнесување топлина, прекумерно потење, тресење на рацете, срцебиење, замор, брзо заморување, отежнато дишење, загуба на телесната тежина и покрај зголемен апетит, измет сличен на пролив – треба да се посомневате на хипертиреоза и на време да се јавите на лекар кој ќе воспостави точна дијагноза и ќе одреди терапија.

Исто така, кожата може да биде топла и влажна, а може да бидат присутни и промени на потколениците во вид на задебелувања. Кај Гравесовата болест не ретко се јавува оток и пад на очните капаци, црвенило на белките, ококорени очи и/или појава на дупли слики.

Кај постари пациенти често имаме поблага, неспецифична клиничка слика со загуба на телесната тежина, емотивна лабилност, слабост на мускулите, поради што болеста долго останува не препознаена. Во натамошниот тек може да дојде до попуштање на срцето и пореметување на работата на срцето.

Терапија
Во терапија на хипертиреоза користиме три основни тераписки пристапи, и тоа се антитиреоидни лекови, радиоактивен јод и хируршко лекување.

Антитиреоидните лекови го блокираат понатамошното создавање на хормони на штитната жлезда и се користат во подолг временски период од 12 до 18 месеци, сè додека болеста не влезе во стабилна фаза на мирување. Доколку по престанување на лекувањето дојде до реактивација на болеста (што се случува кај 70-80 насто од случаите), препорака е хируршко лекување или терапија со радиоактивен јод.

Во првите три месеци од терапијата се применува и лек од групата бета блокатори пропранолол, која ја забавува работата на срцето, го намалува крвниот притисок и го спречува претворањето на хормонот тироксин (Т4) во тријодтиронин (Т3), со што се кочи активацијата на веќе создадените хормони кои се наоѓаат во крвта и на кои антитиреоидните лекови не дејствуваат.

Несаканите ефекти кои се најчести кај антитиреоидните лекови се јадеж, исип по кожата, болки во зглобовите, жолтица и многу ретко пореметување во крвната слика.

Радиоактивен јод: Втора тераписка опција која ја применуваме кај постари пациенти со Гравесова болест е радиокативен јод. Помеѓу шест недели и три месеци доаѓа до нормализација на функцијата на штитната жлезда. Во текот на наредните години по примената на радиоактивен јод 50-80 насто од пациентите ќе развијат намалена функција на штитната жлезда и ќе имаат потреба за воведување синтетски хормон на штитната жлезда.

Хируршко лекување: Ова е терапија на избор кај помлади пациентки кои планираат бременост, како и кај мажи кои со лекови не успеваме да ги воведеме во ремисија.

Големи, дифузни струми, како и струми со бројни јазли, исто така, се причина за оперативно лекување. Зависно од тоа дали хирургот ќа ја отстрани целата жлезда или само дел од штитната жлезда, кај еден број пациенти ќе биде неопходно доживотно земање хормони на штитната жлезда.

Поретки причини за хипертиреоза

Токсичниот аденом е хиперфункционален јазол во штитната жлезда кога терапија на избор е радиоактивен јод. Во случај на поголем јазол доаѓа предвид хируршко лекување. Токсична полинодозна струма се јавува кај постари пациенти најчесто во подрачја со намалена количина на јод во водата и храната. Тераписките опции се радиоактивен јод или оперативно лекување.

Воспалителните процеси во штитната жлезда може да бидат акутни, субакутни или хронични. Функцијата на штитната жлезда тогаш е намалена како резултат на разорување на ткивата и симптомите се последина на зголемено ослободување хормони од оштетените клетки на штитната жлезда во крвта.

Акутен (гноен) тиреоидитис е последица на бактериска инфекција и е многу редок. Причина за субакутен тиреоидитис кој е проследен со телесна температура и болка во предната страна на вратот е вирусна инфекција. Во тој случај се даваат и противвоспалителни лекови, а во 90 насто од случаите доаѓа до целосно излекување.

Постпородилен тиреоидитис се јавува во текот на првите шест месеци по породувањето и најчесто минува низ три фази; зголемена, забавена и нормална функција на штитната жлезда. Пациентите со хроничен Хашимото тиреоидитис можат одвреме-навреме да имаат минлива фаза на зголемена функција на штитната жлезда со висок титар на антитела, но најчесто тоа е процес кој со време доведува до трајно намалување на функцијата на штитната жлезда.

Супклиничката хипертиреоза се карактеризира со нормални вредности на Т3 и Т4 со низок TSH. Изискува терапија со антитиреоидни лекови или радиоактивен јод кај постари пациенти со висок ризик од срцеви аритмии.

Состојба на забрзан метаболизам
Хипертиреоза е состојба на забрзан метаболизам и изискува мирување до нормализација на вредностите на хормонот на штитната жлезда, најчесто во текот на првите 4-6 недели од терапијата. Порастот на вредностите на TSH до оптималните се очекува во текот на три месеци од воведување на антитиреоидни лекови, кои во ниски дози на одржување се применуваат во текот на вкупно 18 месеци за болеста да се воведе во трајна состојба на мирување.

Хормони на штитната жлезда
Штитната жлезда доминантно лачи тироксин Т4, а во помала мера тријодтиронин Т3, кој во поголем дел се создава во ткивата. TSH е хормон на хипофизата и неговата концентрација е обратно пропорционална на работата на штитната жлезда. Поради тоа во хипертиреоза имаме ниски вредности на TSH со зголемени концентрации на Т3 и Т4.

Во секојдневната работа најчесто ги одредуваме слободните фракции на Т3 и Т4, односно FT3 и FT4 во крвта. Во извесни случаи вашиот доктор ќе бара дополнителни анализи (титар на тиреоспецифичните антитела) или сцинтиграфија на штитната жлезда кога се поставува сомнение за субакутно или акутно воспаление на штитната жлезда, но тогаш во крвната слика имаме параметри на воспаление и болка во пределот на вратот со зголемена температура.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>