Фармацевти
Контакт

<< Назад

Хмељ

јуни 23, 2015

[vc_column width="1/1"]За подобар сон и закрепнувањеHumulus lupulus L. (Cannabaceae) – хмељ
На фамилијата Cannabaceae ѝ припаѓаат видовите од два рода: хмељ (Humulus) и коноп или канабис (Cannabis).

проф. д-р Радиша Јанчиќ

Хмељот е повеќегодишно растение  обраснато со кратки, остри влакна. На едни единки се наоѓаат само машки, а на други само женски цветови. Коренот и подземните подници се повеќегодишни и силно се развиени, а надземното стебло е едногодишно, во почетокот зелјесто, а подоцна станува дрвено и во зависност од условите расте од 3 до 15 метри во висина. Во зима стебленцата се сушат, а во пролет од ризомите растат нови. Листовите се крупни и јајцевидни. Опачината на листот е обрасната со остри, налегнати влакна и е покриена со многу жолти жлезди. Машките цветови се ситни (5 мм), групирани во цутови кои наликуваат на метла, а женските во гроздови. Цветовите од обата пола се со многу жлезди (секреторни структури со латекс). По оплодувањето брактеите се разделуваат, давајќи на цутот изглед на шишарка. Плодот е со многу жлезди.

Хмељот расте по перифериите на шумите, на влажни места. Женските растенија се одгледуваат плантажно, бидејќи тие даваат „шишарки“ (стробили), и во нив жлездести влакна (лупулин). Хмељот е лековито растение, а се употребува во пивската индустрија и тоа од средината на средниот век. Поволно влијае на апетитот, поради горчината која ја имаат шишарките.

Женските цутови со брактеите („шишарки“ на хмељот), сами или во кобминација со други дроги, дејствуваат смирувачки, го олеснуваат заспивањето и дејствуваат закрепнувачки. Напитокот се подготвува така што раздробен цвет се прелива со вриена вода, се покрива и се процедува по 15 минути. Некаде со цутовите од хмељ се полнат перници и душеци, за да се помогне во несоницата.

Најголема количина хмељ се троши во пивската индустрија. Сувите женски цутови се додаваат на пивото па тоа добива специфичен горчлив вкус. Смолата од лупулин го конзервира пивото спречувајќи развој на  бактерии, етеричното масло му дава пријатен мирис, горчливите материи горчина, а танините го бистрат таложејќи ги белковините од јачменовиот слад.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>