Фармацевти
Контакт

<< Назад

Хормонален дисбаланс

мај 10, 2016

Симптоми и лекувањед-р Лачазар Лозанов, ендокринолог

Најважна е правилната и навремена дијагностика на ендокриното заболување, зашто може да доведе до застој во растот, пореметување на пoмнењето, забавена работа на срцето, хипотензија, дебелина, дијабетес и други заболувања и пореметувања

Хормоните имаат важна улога во нормалното функционирање на сите органи и системи во нашиот организам: раст, метаболизам, мозочен и интелектуален развој, сексуален развој, одржување на крвниот притисок, нормална работа на срцето итн. Бидејќи ендокрините жлезди ги регулираат основните животни функции, хормоналниот  дисбаланс на некои од нив може да доведе до најразлични симптоми во зависност од заболениот ендокрин орган.

Основните причини за појава на хормоналниот дисбаланс се наоѓаат во силниот и хроничен стрес, пушењето, некои инфекции (надворешни фактори), како и многу автоимуни и туморски заболувања на ендокриниот систем.

Исклучително е важна правилната и навремена дијагностика на ендокрините заболувања кај трудници, децата во развој и адолесцентите. Хормоналниот дисбаланс (на пр., хипотиреоидеизам, хипогонадизам) може да доведе до стерилитет, губење на плодот во бременост и лош нервен, психички и телесен развој на новороденчето. Кај децата и адолесцентите може да доведе до: застој во растот, пореметување во помнењето, забавена работа на срцето, хипотензија. Кај возрасните пациенти главно влијае на кардиоваскуларниот систем, телесната тежина, кожата, менструалниот циклус кај жените, еректилната дисфункција кај мажите, зачестена дебелина, метаболичен синдром и дијабетес.

Што се хормони и како тие дејствуваат?
Хормоните се биолошки активни супстанции, синтетизирани во ендокрините жлезди. Од клетките во кои се синтетизираат, тие преку крвта се пренесуваат до местото на кое дејствуваат, можат да бидат рецептори на други ендокрини жлезди и периферни ткива. Другите механизми на дејствување се нервни (дејствуваат преку синапсите), паракрини (дејствуваат на соседните клетки), или автокрини (дејствуваат на исти клетки од кои се излачуваат). Според хемискиот состав, хормоните можат да бидат протеински соединенија, деривати на аминокиселини на тирозинот или непротеински соединенија, односно стероидни хормони кои имаат слична хемиска структура како и холестеролот.

Нивното лачење се одвива постојано, но и постојано се менува во зависност од делот од денот (циркадијален ритам), а постои и месечен (менструален циклус), сезонски и годишен ритам на лачење, во зависност од различни надворешни фактори (шеќер во крвта). Овие процеси ги регулира хипоталамусот, каде што се наоѓа „биолошкиот часовник“ на човекот.

Хипоталамусот и хипофизата се една интегрирана целина, која претставува врска меѓу нервниот и ендокриниот систем. Хормоните на хипоталамусот ги стимулираат и ги инхибираат хормоните на хипофизата, а тие од своја страна ги контролираат ендокрините жлезди, како и растот, гастро-интестиналниот тракт, исхраната, процесот на задржување на течности и урина, крвен притисок итн. Основните хормони на хипофизата ја регулираат функцијата на штитната жлезда, половите жлезди и надбубрежните жлезди. Постои процес на повратна спрега: зголеменото лачење на хормоните на периферните ендокрини жлезди го намалува лачењето на регулаторниот хормон на хипофизата и хипоталамусот.

Кои се симптоми на хормонален дисбаланс?
Најчести симптоми се брзо заморување, забрзана работа на срцето, отечени крајници и очи, сува кожа, опаѓање на косата, зголемено потење и висок крвен притисок. Многу често се јавува дебелина и пореметување на метаболизмот, при што, освен горе споменатите симптоми, се појавува и пореметување во размена на липидите.

Таква комбинација од патолошки отстапувања е високо ризичен фактор за болести на крвните садови, како што исхемични болести на срцето, инфаркт на миокардот и удар. Кај жена со синдром на полицистични јајници, во некои случаи може да дојде до дебелина, зголемена влакнетост, акни, менструални пореметувања и стерилитет.

Секако, овие многубројни симптоми не се строго одредени и ги следат бројни други заболувања надвор од ендокриниот систем. Најчесто, со исклучување од ендокринолошки проблеми, пациентите со вакви тегоби треба да се упатат на специјалист, кардиолог и невролог.

Дијабетесот, посебно кај возрасни (тип 2) е заболување од социјално значење со сè поголем процент на зачестеност. Чести симптоми се зголемена жед и мокрење, губење на тежина, упорни кожни и уринарни инфекции. Овие пациенти обично имаат родители или блиски роднини со дијабетес.

Како се испитува нивото на хормони во организмот?Испитувањето на ендокрините жлезди е едноставно за пациентот и се состои од тестови на крвта и урината. Во специфични случаи можат да се направат и дополнителни испитувања. Посебно е важно анализите да се прават во специјализирани и сертифицирани лаборатории. Понекогаш постојат и барања пациентот да не консумира храна одреден број часови пред испитување, да се земе крв во мир, во лежечка положба итн.

Од што се состои лекувањето на хормоналниот дисбаланс?
Кај заболувањата, кои се поврзани со недоволно лачење, се дава заменска терапија и обратно, кај хиперфункција – лек кој го блокира лачењето на хормонот. На пример, кај хипотиреоидизам е неопходна доживотна терапија со хрмонот на штитната жлезда, кај рана менопауза – моментна хормонско-заменска терапија со естроген и прогестерон, кај надбубрежна инсуфициенција – лекување со кортизон. Зголемената работа на ендокрините жлезди бара сериозно внимание, па тука терапиското лекување е важно, продолжено и понекогаш се налагаат оперативни процедури.

Постојат ли несакани ефекти од хормонската терапија, кога таа е препишана?
Многу е битно да биде добро проценета и прецизно поставена дијагнозата и да биде препишана правилна терапија. Несаканите ефекти најчесто се во врска со недоволна или, обратно прекумерна доза хормонски препарати.

Какво е влијанието на хормонските стимуланси кои ги користат спортистите?
Земањето на некои хормонски препарати од страна на спортистите, обично тестостерон, хормони на раст, тироидни хормони, анаболици, може да има моментално добар ефект на мускулите и масата, самодовербата и сексуалната функција, но проблемот настанува подоцна, во подоцнежно лекување или по престанување на лекувањето се појавуваат спротивни симптоми: тежок мускулен замор, губење на здивот, зголемена тежина, намалена сексуална функција.

Неконтролирано земање на некои хормонски препарати докажано доведува до сè почести појави на онколошки заболувања.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>