Со термички преработено месо и варени јадења здраво е да се консу мираат и свежи намирници, како салата од спанаќ, рендан морков, целер и цвекло, најдобро пред оброк
Иако со годините нашиот метаболизам станува побавен, на оваа појава можеме да влијаеме така што ќе водиме сметка за правилната исхрана, спиењето, вежбањето и избегнувањето стресни ситуации. На метаболизмот ни влијае и ритамот на консумирање храна и изборот и количината на намирници, дали пиеме доволно вода и колку сме физички активни.
Билни чаеви: Многу чаеви како зелениот, влијаат на топење на масните наслаги и регулирање на телесната тежина. Незасладени и благи цветни чаеви треба да се пијат не само кога сме болни, туку секојдневно, помеѓу оброците.
Вода: Две чаши вода наутро го забрзуваат метаболизмот за 30 насто во рок од 10 минути, а ефектот трае околу еден час. Меѓутоа, не е препорачливо водата да се зема за време на оброк, поради тоа што така се разредуваат желудочните сокови кои ја варат храната, па се намалува апсорпцијата на хранливи состојки. Варењето најдобро се подобрува ако водата ја пиеме барем половина час пред оброк.
Мешунки: Гравот, грашокот, боранијата и други мешунки се многу здрав извор на намирници за нашиот метаболизам, бидејќи го забрзуваат согорувањето калории, го намалуваат холестеролот и штитат од многу болести.
Интегрални житни растенија: Интегралните житни растенија како овесот и ’ржта содржат влакна и сложени јаглехидрати кои помагаат метаболизмот да се забрза.
Зачини: Покрај тоа што зачинетата храна секогаш е повкусна, тие се и добар сојузник во забрзување на метаболизмот. На пример, циметот и куркумата имаат особини малку да ја зголемат телесната температура и на тој начин да го забрзаат согорувањето на масти.
Оцет и цитруси: Консумирањето оцет посебно се препорачува по внесување рафинирани јаглехидрати, бидејќи го спречува наглиот раст на шеќер во крвта. Портокал, лимон, мандарина и други цитруси помагаат во држење на метаболизмот под контрола, па се препорачуваат свежи или цедени.
Свежи намирници: Со термички обработено месо и варени јадења здраво е да се консумираат и свежи намирници, како различни салати, кои можат да се прават и од свеж спанаќ, рендан морков, целер, цвекло и јаболко. Добро е свежата салата да се јаде пред оброк, а дури по неа и преработената храна, како и храната потешка за варење.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци