Симптомите како напнатост, страв, претерана загриженост околу секојдневните проблеми, пречки во концентрацијата, згрченост на мускулите и стегање во градите укажуваат на анксиозност. Во консултација со лекар е можно некои од овие симптоми да се ублажат или целосно да се отстранат со промена на животните навики. Правилната исхрана е еден од клучните фактори во одржување на доброто здравје, така што не треба да нè чуди што на листата на намирници кои се препорачуваат во борба против анксиозноста се наоѓаат стандардните состојки на здравите диети. Јаткасти плодови, семки од тиква, риби богати со омега-3 масни киселини, јајца како извор на протеини, витамин Д и триптофан кој е прекурсор на серотонинот, би требало да бидат што почесто на трпезата. Истото важи и за куркумата, јогуртот и црното чоколадо. Умереноста е, секако, препорачлива, како и редовната физичка активност.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци