Фармацевти
Контакт

<< Назад

Интелигенција кај децата

ноември 1, 2016

Студија на Универзитетот во Финска, во која било вклучено 161 дете на возраст од 6 до 8 години, а научниците ги следеле од прво до трето одделение во основно училиште, покажала дека здравата исхрана драматично влијае на нивото на интелигенција кај децата. Децата кои во првите три години од школувањето јаделе зеленчук, овошје, риба и интегрални житни растенија остварувале подобри резултати во школските задачи од останатите врсници. Квалитетот на нивната исхрана е анализиран со помош на дневник на исхрана, а успехот во училиште со стандардизирани тестови. „Резултатите на студијата не се поврзани со социјалниот статус на ученикот, физичката активност и градбата. Релевантноста на резултатите е поврзана исклучиво со здрава исхрана“, вели доктор Еро Хапала, и објаснува дека „здравата исхрана се покажала како важен фактор во учењето и когнитивните способности кај децата“.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>