Скриена закана во чаша млеко
Интолеранцијата на лактоза е неможност за варење на млечниот шеќер - лактоза. Кај повеќето луѓе способноста за варење на лактозата се намалува веќе по втората година од животот.
д-р Ивана Бузаџиќ
молекуларен биолог и физиолог, спец. по генетика
Зошто да се тестирате?
Зачестеноста на интолеранцијата на лактоза во Европа е голема. Доколку имате желудочно-цревни проблеми, посебно по консумирање млеко и/или млечни производи, секако, препорака е да направите тест на интолеранција на лактоза. Тестирањето е важно бидејќи позитивен резултат овозможува воведување адекватна исхрана, а ако резулатот е негативен и таа се елиминира како причина за проблемите во варењето, решавањето на проблемот може да се насочи кон друга дијагноза.
Како да се тестирате?
Постојат повеќе начини на тестирање на интолеранција на лактоза, меѓутоа повеќето тестови често се исцрпувачки и болни, бидејќи се засноваат на предизвикување симптоми и инвазивност, а често се и помалку чувствителни и недоволно специфични.
Методата на генотипизација е најнова метода за детекција на генетската предиспозиција за интолеранција на лактоза. Развиена е за да се решат проблеми како што се недоволна специфичност и чувствителност, и дава најточни резултати. Оваа метода не се заснова на регистрирање симптоми и последици на нетолеранцијата, туку го открива предизвикувачот на проблемот, т.е. генетската предодреденост поради која се јавуваат симптомите.
Терапија
Терапијата за неподнесување лактоза се заснова на зголемена грижа за исхраната. Лактозата се наоѓа во млекото на цицачите во различни количини. Иако млекото и млечните производи се главен извор на лактоза, таа е често присутна и во индустриски производи, како колбаси, месо, леб, пици, брза храна, инстант супи, сосови, бонбони, сладолед, некои засладувачи.
Степенот на интолеранција може да биде од делумен до потполн, па за изборот на адекватна терапија е најважно да се земе добра анамнеза и секоја терапија да се приспособи на поединецот. Зависно од степенот на пореметувањето, во исхраната треба делумно или целосно да се избегнува лактоза или да се користат замени за ензимот лактаза во облик на таблети или капки.
Приспособена исхрана
Лицата кои се интолерантни дури и на најмала количина лактоза мора да спроведуваат ригорозна диета без лактоза, водејќи сметка за тоа дека таа може да се најде прикриена во многу производи кои не спаѓаат во млечни. Кај делумен недостиг, мали количини млеко или млечни производи може да се толерираат, па во исхраната може да се користат млечни производи со намален удел на лактоза или во кои е додаден ензимот лактаза.
BETTY аптеките ви препорачуваат