Фармацевти
Контакт

<< Назад

Исхрана во студените денови

декември 1, 2017

Намирници кои ја подигаат енергијатаАна Николиќ

 

Ладното време бара нешто поинаков вид на исхрана, но тоа не значи дека во зима треба да консумираме тешки јадења и да се храниме обилно, туку значи дека ни е потребен внес на енергетски појака храна, богата со витамини и минерали. Кога е студено, врнежливо, има ветер и снег, повеќе престојуваме во затворени простории, каде сме поподложни на вируси и бактерии, па добро е што почесто на трпезата да има намирници кои го подигаат имунитетот и енергијата и ни помагаат да бидеме здрави.

СУПИ: Зиме е препорачливо да се консумираат топли супи секој ден бидејќи греат, преполни се со нутриенти кои ја враќаат енергијата, а се благотворни за настинки и нè штитат од вируси. Пилешката супа со зеленчук (морков, целер, кромид и лук) е исклучително квалитетен оброк за сите возрасти, па треба почесто да ја има на трпезата. Многу се квалитетни и различни крем супи од зеленчук, на пример, од тиква, спанаќ, домати, а можете да направите и микс од зеленчук од намирници кои ги имате во фрижидер.

ПЕЧЕН КРОМИД: Кромидот можете да го печете на повеќе начини, на тркалца, цел и излупен, но и во лушпа така што ќе ги исечете врвовите, кромидот ќе ги наредите во плех за печење и ќе го ставите во рерна на 180 степени (околу 25 минути). Вака испечениот кромид е многу вкусен и здрав антиоксидант, а може да служи како прилог со печено месо и риба. Можете да го зачините со ситно сечкан магдонос, чили (ако сакате луто) и да додадете неколку капки маслиново масло.

КОМПИР ВО ЛУШПА: Овој старински начин на подготвување компир, така што ќе го измиете па го печете во рерна замотан во фолија, веќе при подготовката создава чувство на топлина и зголемена енергија, бидејќи се шири романтичен мирис. Одличен прилог е со динстан зеленчук, месо или риба.

ПРОКЕЉ И ЗЕЛКА: Прокељот и зелката се богати со витамини Ц, А и од Б-групата, со магнезиум и калциум. Исклучително се корисни намирници за подигање на имунитетот и превенција на настинка и грип. Дејствуваат антисептички на дишните органи и го олеснуваат кашлањето, па треба да ги има на трпезата барем еднаш во неделата.

ЦИТРУСИ: Освен што освежуваат, портокалот, лимонот, мандарината и грејпфрутот се богат извор на витамини, имаат антивирусни и антиоксидативни својства, па може да го скратат времето на настинка и да ги намалат симптомите.

ЧАЕВИ: Вкусни билни чаеви, од шипка, хибискус, нане и други, се незаменлив напиток во студените денови. Можете да ги зачините со цимет и мед и да ги пиете топли, во текот на денот.

ЈАБОЛКО И МЕД: Ова се две исклучителни намирници, кои може да ги комбинирате зеаедно (на пример, изрендано јаболко да го зачините со мед). Исто можете да направите и со јаболка печени во рерна, со додаток на ореви или бадеми.

Во студените денови консумирајте и лук, целер, власец, јаткасти плодови, сушено овошје, свежи овошни сокови, зелен и црвен зеленчук, интегрални житни растенија, млечни производи, риба и пилешко месо и не заборавајте да го хидрирате организмот со литар до две литри вода.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>