Фармацевти
Контакт

<< Назад

Исхраната во жешките денови

јуни 11, 2015

[vc_column width="1/1"]Богата со витамини и минералиЛејла Беговиќ

Во традиционалната кинеска медицина храната се дели на онаа која грее и онаа која лади, тоа се билки кои растат и зреат во пролет и лето, имаат мирис и освежителни се за организмот, штитат од летни горештини, а „најладни“ се марулата, спанаќот и цвеклото

Прехранбените навики во жешките, летни денови треба да ги фокусираме на лесно сварлива храна и земање доволно течности. Сезонските продукти, овошје и зеленчук со висок процент на вода, како што се краставица, лубеница и домат, обезбедуваат хидратација на организмот и внес на неопходните електролити. Мешани салати, ферментирани млечни производи, риба и пилешко, супа и свежо цедени сокови, се идеални намирници за исхрана за време на летото.

Денот може да започне со овошје и појадок од житни растенија од цело зрно со додаток на јаткасти плодови и јогурт. Добриот, неоптоварувачки ручек може да се состои од супа од зеленчук, салата од зеленчук, пилешко и интегрален леб, а вечерата од бела риба и варен зеленчук. За ужина најдобар избор е свежото овошје.

Лесна, летна исхрана богата со витамини и минерали е одлична можност и за редукција, односно корекција на телесната тежина, подигање на енергијата и здрав изглед. Сезонските намирници со црвена и портокалова боја, како праска, морков и домат, природно ја подготвуваат кожата за сонце, богати се со бета-каротин, па треба да ги имаме на трпезата почесто.

Супите и варивата не треба да се консумираат многу жешки, а водата и напитоците премногу ладни, бидејќи температурата на желудникот, независно од годишното време, е 37°C. Иако сме навикнале да се освежуваме со сладолед, треба да се знае дека топлите билни чаеви се многу освежувачки на жештината. Топлиот чај предизвикува проширување на крвните садови, па вишокот од топлина се исфрла преку кожата. Во прв момент се чувствува прилив од топлина, но потењето ја носи потребната свежина и олеснување.

Интересно е дека во традиционалната кинеска медицина храната се дели на онаа која грее, онаа која лади и неутрална (житни растенија, месо). Намирниците кои ладат, според Кинезите, растат и созреваат во пролет и лето, многу се мирисни и освежувачки за организмот, нè штитат од летните горештини, а „најладни“ се марулата, спанаќот и цвеклото.

Ама не мислат така само Кинезите, туку и другите народи во светот, како и стручњаците за исхрана. Кога е топло, ние инстинктивно сакаме лесна храна, освежувачки овошје и зеленчук, како парче лубеница, а не тешки, зимски јадења. Значи, во жешките денови треба да се слушаме себеси и да го јадеме она што ни одговара и никако да не заборавиме на доволно консумирање течности, пред сè, вода.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>