Фармацевти
Контакт

<< Назад

Избор за најубав слон

септември 21, 2016

На годишниот фестивал на слонови во индискиот град Џајпур, во државата Раџастан, кој привлекува огромен број туристи, слоновите ги исликуваат професионални уметници, а се избира и најубав слон. Облечени во свила и кадифе, слоновите блескаат украсени со накит и цртежи и парадираат пред публика. Индијците традиционално и културолошки кон слоновите покажуваат љубов, почитување и голема верност. Богот Ганеш, кој има глава во облик на слон и ги отстранува пречките, го довикуваат при секој нов потфат, а кога сакаат да ја истакнат убавината на жена Индијците велат дека се движи „грациозно како слон“.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>