За добро здравјеЈаткастите плодови во исхраната на човокот се користат од дамнина. Најздрави се кога се јадат сирови, како оревите, на пример, бидејќи во изворниот облик имаат два пати повеќе антиоксиданти отколку преработени. Исто така, подобро е да се консумираат несолени и да се ужива во богатиот, природен вкус на овие здрави грицки. Јаткастите плодови се богат извор на витамини од Е и Б-групата, протеини и есенцијални минерали (селен, магнезиум, калиум и др.) и проверено корисни за превенција на многу болести и тегоби.
Орев: Јатката на оревите содржи висококвалитетно масло, вредни белковини, јаглехидрати, витамини Б и Ц, железо, калиум, магнезиум, фосфор и други корисни состојки. Оревот се препорачува за превенција на белодробни болести, болки во коските, анемии, крвавења на непцата и е добар за чистење на организмот, против инфекции, како и за јакнење на видот и мускулното ткиво. Во блендер од ореви и друго јаткасто овошје можете да направите вкусен и здрав намаз кој е посебно добар за децата.
Бадем: Богат со витамини од Е и Б-групата, бакар, цинк, магнезиум, фосфор, железо, калциум и манган. Бадемот се смета за јак антиоксидант кој, како и оревот, го штити срцето и го намалува холестеролот. Се смета дека консумирањето бадеми влијае на нормализација на крвниот притисок, цврстината на коските, како и на оптимална работа на штитната жлезда. Бадемот има и пробиотски својства и е одличен за слабеење, бидејќи дава чувство на ситост. Богат со калциум, добра е замена за млеко и млечни производи ако некој е алергичен на нив.
Кикиритки: Вкусни и хранливи, кикиритките се консумираат излупени, печени и бланширани, па можност несолени или со што помалку сол. Оваа здрава намирница изобилува со железо, цинк, магнезиум, селен, фосфор, витамин Е и витамини од Б-групата, кои му даваат енергија на организмот. Се смета дека влијаат на подобрување на помнењето, смирување на сува кашлица и помагаат во брзо заздравување и закрепнување на болни од туберкулоза. Несолените кикиритки го регулираат нивото на глукоза во крвта, како и триглицеридите и холестеролот.
Во здрави и корисни јаткасти плодови се вбројуваат и индискиот и бразилскиот орев, ф՚стаци и семки од бор (пињоли). Правило е дека јаткастите плодови не треба да се јадат повеќе од 50 грама дневно. Исто така, колачи со ореви или торти со лешници и бадеми не се препорачуваат за здравјето поради големата количина на шеќер. Јаткастите плодови најдобро е да се земаат како здрави грицки или во облик на намаз, а може да се мешаат и со мед, кога се зема по една до две кафени лажички.