Фармацевти
Контакт

<< Назад

Какао

февруари 25, 2016

[vc_column width="1/1"]

Кралски напиток

проф. д-р Радиша Јанчиќ
Theobroma cacao L. – какао

Во тропските предели на Централна и Јужна Америка какаото се одгледувало многу пред доаѓањето на Европејците. Денес се одгледува во Мексико, Бразил, Костарика, Венецуела, Перу, како и во Африка и на Цејлон.

Тајната на астечкиот чоколаден напиток на Европејците им ја открил Хернандез во 16 век. Астечкото чоколадо било течно и зачинето со ванила и цветови од еден вид бибер (Piper sanctum). Астеците употребувале ванила за ароматизација на кралскиот пијалак „чоколатл“, мешавина од какао и мед, идно чоколадо. Во 1585 година првиот комерцијален товар со какао пристигнал во Шпанија.

Какаото е ниско дрво. Стеблото е исправено, со тенка, темна кора. Листовите се наизменични, јајцевидни со облик на стрела, темнозелени. Цветовите се ситни, бели со црвени дамки. Плодот е јајцевидна сочна бобинка со кожест епикарп. Во белузлавата пулпа на плодот се наоѓа голем број на темноцрвено семе кое пред употреба се суши.

Најголема количина од семето од какао се преработува во индустријата за чоколадо. Како еден од продуктите на преработка се добива и цврсто масло (Butyrum Cacao). Ова масло се користи како подлога за изработка на некои козметички и фармацевтски производи (супозитории, вагиналети). Butyrum Cacao е погоден затоа што на собна температура е цврст, а на телесна се растопува и не ја надразнува слузокожата.

Одвоената капица се користи за екстракција на теобромин. Благодарение на овој алкалоид, какаото се употребува при кашлица, бронхитис, катар и други заболувања на органите за дишење. Пилулите изработени со масло од какао дејствуваат како благо средство. Овој алкалоид има и изразено диуретично дејство. Теоброминот е тип на директен диуретик (1-3 г дневно). Малку е отровен и брзо се елиминира. Теоброминот, какаото во прав и меленото семе се даваат против бронхијална астма, ангина пекторис и разни видови склероза.

На многу лекови со непријатен мирис и вкус се додава и какао во прав или, пак, се обложуваат со чоколадо (разни дражеи).

Во многу земји се пие чај од какао (лушпа). Овие лушпи се додаваат на различни мешани чаеви за подобрување на вкусот.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>