[vc_column width="1/1"]Игор Тица
Клучни фактори на стареењето има два, генетиката и животните навики, како исхраната, менталното здравје и движењето. На генетиката не можеме да влијаеме, но на животните навики сигурно дека можеме. Здрав начин на исхрана, реални животни очекувања комбинирани со позитивно мислење, како и редовно вежбање и движење, во согласност со годините и здравствената состојба, проверено го забавуваат стареењето, градат виталност и ја продолжуваат младоста.
Генерално, се смета дека секојдневното вежбање од 30 минути е поефикасно од вежбање два пати неделно по два часа. Подигање на енергијата, одржување на мускулната маса која со стареењето се намалува, раст на кондицијата, подобрување на рамнотежата и циркулацијата, превенција на грчеви и болки во нозете, се постигнуваат со истегнување, одење, трчање, возење велосипед, танц, јога, таи чи, вежби на справи, како и со обично качување по скали.
Одење: Секојдневно одење од 30 до 40 минути, во свој ритам, го забрзува метаболизмот, ја подобрува циркулацијата и позитивно влијае не само на нашето тело туку и на нашиот дух. Треба да се шета и по лошо време, во соодветна облека и обувки.
Танц: Играта и ритмичните движења, се здрави за целиот организам, но и за духот. Може да се танцува организирано, на некој од многубројните курсеви за танго или салса, но и дома, со музика од радио. Динамиката на танцот е благотворна за чувството на рамнотежа, затегнување мускули и одржување виталност на телото.
Вежби на силата: Може да се прават на справи и со тегови, секогаш во договор со лекар и тренер, дома и во теретана. Вежбите со оптоварување се важни за одржување и подобрување на мускулната маса, а помагаат и вежби без справи, како згибови и склекови.
Качување по скали: Загрева и ги истегнува мускулите, ја подобрува циркулацијата и капацитетот на белите дробови. На постара возраст не треба да се претерува, поради колената и зглобовите, но, секако, треба да се качува по скали, барем еден, два ката.
Јога: Идеално вежбање за секоја животна доба е јогата. Програмите на јога ги активираат енергетските центри, го подобруваат дишењето, ги загреваат мускулите, го унапредуваат чувството за рамнотежа, ја подобруваат еластичноста на телото. Вежбањето јога може да се почне и на постара возраст.