Иако изложувањето на сонце може да биде многу опасно, желбата брзо да поцрниме или едноставно разни други околности (играње во вода, долго пешачење на отворено, читање интересна книга на плажа и сл.) можат да нè натераат да заборавиме да внимаваме. Последица се црвенило на кожата и болни изгореници, повреди кои треба што побргу да ги смириме и санираме. Во аптеките можат да се набават смирувачки препарати, а околу изборот можете да се консултитаре со фармацевт. Меѓутоа, во ситуација кога немате во близина аптека можете на себеси или на член на семејството кој добил изгореници да помогнете и сами. Еве како:
Вода: Туширање со ладна вода, која ги измива морската сол и ситниот песок кои иритираат, смирувачко е за кожата. Помага и получасовно бањање во када, во која сте ставиле неколку капки масло од алое вера.
Снегулки од зоб: Сомелете една рака снегулки од зоб, ставете ги во газа и натопете ги со ладна вода, па користете како облога секои 2-3 часа.
Камилица: Сварете поголема количина чај од камилица, изладете го, па во него натопете памучна ткаенина, ставете како облога на иритираното место и оставете да дејствува половина час.
Зелен чај: Постапката за подготовка е иста како и со чајот од камилица. Обложете ги изгорените места. Танините кои се наоѓаат во зелениот чај дејствуваат смирувачки на изгорениците. Ако ви поцрвенеле делови од лицето, на пример, капаците или брадата, натопете вреќички чај во ладна вода и ставете ги на болните места.
Јаболков оцет: Направете раствор од една четвртина јаболков оцет и три четвртини вода, натопете голема крпа и покријте ја со неа иритираната површина на кожата и држете половина час. Помага и бањање во када во која сте ставиле шолја оцет, зашто воспоставува pH баланс на кожата, па во кадата со вода истурете две шолји оцет. Потоа оставете кожата сама да се исуши.
Јогурт: Нанесете нежно јогурт на болните места, оставете да дејствува 15-20 минути, па истуширајте се со млака вода. Повторете по 2-4 часа.
Јагоди: Исмиксирајте свежи јагоди, нанесете ги на изгорените места и држете 5 минути. Танинот од јагодите ја намалува болката.
Краставица: Изгмечена краставица или исечена на тенки кругови ставете ја на изгорената кожа и држете 15 минути. Ќе почувствувате големо олеснување, зашто краставицата е природен антиоксидант и има аналгетски својства.
Зелена салата: Измиксирајте зелена салата и нанесете нежно на болните и изгорени места, држете 15 минути, па измијте ја кожата со ладна вода и оставете да се исуши без бришење.
Ако се определите за самопомош од кујната, избегнувајте мачкање со масла или масни креми, како какао-путер, зашто ги затвораат порите и ја загреваат кожата, па со тоа изгорените места уште повеќе ќе се иритираат и така ќе се влошат симптомите. Не изложувајте се на сонце додека изгорената кожа потполно не заздрави, носете комотна и памучна облека, консумирајте свежо овошје и зеленчук и хидрирајте го организмот.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци