Ги ублажува инфекциите и воспаленијатаHypericum perforatum L.
проф. д-р Радиша Јанчиќ
Подфамилијата Hypericoideae, на која ѝ припаѓа овој вид, во некои системи се подигнува на ниво на самостојна фамилија Hypericaceae.
Кантарионот е повеќегодишно растение кое цвета од јуни до август, а расте по ливади, пасишта и во светлите дабови шуми ширум Европа. Со зголемената побарувачка на пазарот, кантарионот во последниве години се одгледува сè повеќе на плантажи. Своето англиско име St. John's wort кантарионот го добил по тоа што често е во полн цут околу 24 јуни, на денот кога традиционално се слави роденденот на свети Јован Крстител.
Во флората на нашето поднебје има околу 19 видови кантарион, но само за H. perforatum се знае дека е лековит. Од останатите видови со сигурност се разликува по тоа што стебленцето има две надолни линии и што светлозелените листови се со многу проѕирни точки.
Кантарионот е лековито растение бидејќи содржи танини, етерично масло и други соединенија. Се користи врвот од растението кога е во цут, а се бере така што се отсекува горниот дел од растението кога цветот не е целосно отворен.
За кантарионот знаеле и дамнешните авторитети, како што се Диоскорид и Хипократ. Во средновековните книги е опишуван и препорачуван како корисен лек, но како и многу лековити растенија на крајот на 19 век речиси е заборавен. Последниве децении, особено во Европа, кантарионот повторно станува омилен како ефикасен лек во случаи на напнатост или депресија.
Поновите истражувања ги поврзуваат антидепресивните ефекти на кантарионот со присуството на ксантони и флавоноиди кои дејствуваат како инхибитори на моноамин-оксидаза. Кантарионовото масло е екстракт од цветови од кантарион во маслиново масло (црвеникава боја поради присуство на хиперицин) и традиционално се користи во исти случаи како и чајот, но и надворешно, за зараснување на исеченици, изгореници, хемороиди. Денес, најголеми количини се користат за добивање стандардизиран екстракт за изработка на фитопрепарати.
Кантарионовото масло е богато со хиперицин, танини и флавоноиди, а се нанесува на сите рани и дејствува противвоспалително, антивирусно и антимикотично, а ја подобрува и епителизацијата на кожата. Помага кај рани, изгореници, вагинални инфекции, хемороиди, проширени вени, лузни, акни, ревма, воспаление на мускулите, па од дамнина е лек кој треба да го има во секој дом.
Чајот од кантарион се користи како диуретик и во лекување на разни состојби, од несоница до гастритис. Благотворно дејствува кај менструални болки, депресивни состојби, пореметувања во расположението во менопауза, несоница, гастритис и чир на желудникот, болести на црниот дроб, воспаленија на мочниот меур, ноќно мокрење кај деца и инфекции на усната празнина.[vc_column width="1/2"][vc_column width="1/2"]ПрепоракаBETTY ST. JOHN'S WORT TEA е билен чај од хербата на кантарионот со благ мирис и вкус, благотворен за многу тегоби.
Секоја филтер кесичка е пакувана во арома обвива која дополнително ги чува свежината и мирисот.