Болно искуство, опасна средба

Летните месеци носат зголемено ниво на опасности од непријатности кои може да ги предизвикаат каснувањата од инсекти.

Автор Јасна Петровиќ

Отровот кој овие инсекти го испуштаат преку осилото при каснувањето предизвикува низа биохемиски реакции во нашето тело. Стршенот и осата според хемискиот состав имаат сличен отров, со тоа што стршенот при каснувањето ослободува и до сто пати поголема количина отров во однос на осата. Отровот од пчелата има поинаков состав, но патот за развој на алергиска реакција е ист за сите видови каснувања.

На местото на каснување се појавува оток и тоа место почнува да чеша и да боцка. Може да дојде до појава на осип и уртикарија на кожата во близина на каснувањето. Во случај на пречувствителнот на отровот од овие инсекти доаѓа до бурна алергиска реакција, која може да заврши со анафилактички шок, а во најтешки случаи и загуба на живот. Доаѓа до отекување на меките ткива, проблеми со дишењето, повраќања, дијареја, пад на крвниот притисок и загуба на свеста. До вака бурна реакција може да дојде непосредно по каснувањето, но и по неколку часа.

Комплет за прва помош
Лицата кои знаат дека се изложени на опасност од алергиска реакција на отров од пчела, оса или стршен би требало со себе да носат прибор за самопомош, подготвен во консултација со лекар. Во полесни случаи реакцијата се смирува со орално земање антихистаминици, или мачкање на каснатото место со крем кој содржи антихистаминици или кортикостероиди. За употребата на овие средства консултирајте се со својот фармацевт.

Совети во случај на каснување
Местото на каснување не треба да се чеша. Треба да се измие со вода и сапун, и потоа да се лади со млаз вода или студени облоги. Осилото останува во кожата по каснувањето, па треба да се извади водејќи сметка за тоа да не го притискаме за да не се истисне дополнителна количина отров. Доколку каснувањето е на лицето, грлото или гениталиите, постои зголемена опасност од несакана реакција. Каснатото место треба да се лади и да се побара соодветна лекарска помош во што пократок рок. Истото важи и во случај да дојде до развој на симптоми, како што се: силен осип, отежнато дишење, несвестица, зуење во ушите, мачнина и повраќање, отеченост на јазикот.

basketball jerseys cheap