Фармацевти
Контакт

<< Назад

Киселата зелка на капетанот Кук

октомври 28, 2015

[vc_column width="1/1"]

Англискиот истражувач, морепловец и картограф Џејмс Кук (1728-1779), кој со своите истражувања повеќе придонел за Британската Империја отколку сите војни кои таа ги водела во историјата, за да го подигнел здравственото ниво на својот екипаж, ги терал да јадат кисела зелка. На неговите патувања (3 пати пловел преку Пацификот, ги открил, меѓу останатото и Хаваи, каде го убиле домородците) морнарите не боледувале од скорбут, бидејќи консумирале кисела зелка. Оваа болест се јавува како последица од долготраен недостиг на витамин Ц и однела животи на бројни членови на екипажи од истражувачки бродови. Капетанот Кук верувал и во други лековити својства на киселата зелка, па така неговиот бродски лекар ја користел и за преврски на повредените морнари, за да спречи појава на гангрена.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>