Фармацевти
Контакт

<< Назад

КОМУНИКАЦИЈАТА КАКО ВЕШТИНА

јули 1, 2018

Основа на успешните меѓучовечки односи

 

Човекот е суштество на заедницата кое изворот на своето постоење го црпи од односите со другите, мислејќи притоа и на животинскиот свет. Кога зборуваме за комуникацијата, таа е сеопфатна и слободно може да се каже дека сè што знаеме и што ни е познато и исткаено од комплексните комуникациски процеси.

 

Автор Александар Шибул

психолог

 

Комуникацијата е од витално значење за создавање и одржување на односите, без оглед на тоа дали се работи за интимна врска ‒ однос со партнер, дете или пријател или професионален однос со колега, надреден или клиент. Нашите комуникациски вештини влијаат на начинот на кој ги решаваме препреките на кои наидуваме, како и на начинот на кој ги решаваме конфликтите, и на нивото на доверба која се создава преку односот. Недостигот од комуникација може да резултира со конфузија, недоразбирање и развој на лоши комуникациски обрасци. Препреките во комуникацијата може да бидат физички: бучава, јачина на светло, температура, потоа психолошки: моментна емоционална состојба, како и од физиолошка природа: жед, глад, присуство на болка и слично. Многу е важно пред воспоставување на комуникација сето ова да го имаме на ум.

 

Невербална комуникација

Невербалната комуникација во целокупниот комуникациски процес зазема значајна улога. Според некои мислења, таа е застапена дури и во седумдесет проценти од целокупниот комуникациски тек. Вербалната комуникација, како и емотивниот тон со кој нешто се соопштува, го сочинува остатокот од проценти во една комуникациска секвенца. Тоа може да се види во примерот кога вербалната порака не е усогласена со невербалната. Секогаш е посилна невербалната порака, затоа што нам способноста за детектирање невербални сигнали еволуциски ни е вградена како основа на опстанокот, бидејќи на тој начин можеме да ги уочиме основните емотивни пораки кои ни се испратени во одреден момент, а токму тоа ни помага во изборот дали да се бориме или да избегаме од опасност. Бидејќи овој перцептивен процес е постар од говорот, тогаш тој претходи на она што го зборуваме.

 

Невербалната комуникација на соговорниците ги одразува ставовите, емоциите и состојбата на умот, и неа ја сочинуваат:

 

Зевањето во комбинација со недостиг на контакт со очите може да значи дека соговорникот ви е неинтересен и досаден.

Ако ги разбирате невербалните знаци, можете да ги користите за да бидете поефикасни во пренесувањето пораки. Исто така, можете да користите невербално разбирање за да ја „прочитате“ својата публика и да соберете повратни информации во реално време за тоа дали успешно сте комуницирале.

 

Експериментирање и вежбање на невербална комуникација

Обидете се да вежбате само една вештина, така што ќе можете да бидете сигурни дека сте ја совладале пред да преминете на следната.

Можете да побарате од доверлив пријател или роднина да ви даде повратни информации за вашето невербално однесување. Оваа повратна информација може да биде многу корисна, бидејќи честопати не сме свесни за говорот на телото и каква, всушност, невербална порака испраќаме. На овој начин преку вежба ќе ги усогласите вербалната и невербалната комуникација.

 

Ако сте во можност, многу е корисно и снимање на дијалог, бидејќи ќе можете да ја анализирате својата невербална комуникација, да ги уочите грешките, и да вежбате соодветен говор на телото. Исто така, можете да ги вежбате своите нови вештини пред огледало.

Кога пред огледало сте завршиле со вежбањето, сето тоа треба да го пробате и во реалната комуникација со различни соговорници. Оваа вежба, секако, ќе ве направи посигурни и поопуштени во соопштување на своите пораки на другите. Внатрешното задоволство со постигнатото понатаму ќе ве мотивира да ја развивате својата вештина на комуницирање.

 

Пробајте да го зголемите контактот со очите кога разговарате со други луѓе. Опуштете се во текот на разговорот и обратете внимание на реакцијата на другите. Можете и сами да тестирате каква била реакцијата со старите навики, а каква со новите, бидејќи нашето однесување секогаш е привлечно за одговор од соговорникот ‒ ако ние се чувствуваме опуштено и нашиот соговорник ќе се чувствува попријатно, а со самото тоа ќе биде повеќе во можност подобро да нè разбере.

 

Активно слушање

Активното слушање е клучен поим за воспоставување добра комуникација. Неа ја сочинуваат емпатија и парафразирање. Кога слушате со емпатија, не ги слушате само зборовите туку и емоциите кои ги носат, разбирате како соговорникот се чувствува и како ќе го доживее она што му е упатено преку зборови. Слушањето со емпатија е многу активно и сочинува важен сегмент од пренесувањето порака.

Кога парафразираме, осигуруваме јасно разбирање на главните точки во сопствените зборови. Парафразирањето, исто така, дава важни повратни информации кои помагаат да се процени колку добро е разбрана некоја реченица или поим кој сме го слушнале.

 

Со ова само споменавме еден мал сегмент од комплексниот процес на комуникација. Се надевам дека ве мотивиравме понатаму да вежбате и да ја подобрите оваа важна вештина која ќе ви помогне да бидете поблиски кон другите, другите подобро да ве разберат и своите деловни способности да ги подигнете на повисоко ниво.

 

Техники на активно слушање

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>