Фармацевти
Контакт

<< Назад

КОПРИВА

јуни 2, 2016

Помага при слабокрвност

проф. д-р Радиша Јанчиќ

Urtica dioica L. – коприва, фамилија Urticaceae

Името на родот urtica е изведено од латинскиот збор uro што значи жарење, горење; епитетот на видот – dioica укажува дека на едно растение се наоѓаат машки, а на друго женски цветови (дводомно растение).

Копривата е повеќегодишно дводомно растение со исправени стебленца високи до 150 см, со жолт корен и жолти ползечки столони и ризом. Стебленцата во есен налегнуваат по тлото и гнијат во текот на зимата.

Копривата е лековито растение, од кое се користи листот, коренот и семето. Во исхраната се користат млади листови, а во текстилната индустрија стебленцата од кои се добиваат влакна.

Корпивата се користи за подобро функционирање на организмот. Листовите од коприва се богати со витамини, минерали и стероли. Се користат во вид на одвар (проварени во вода) како благо диуретично средство и против дијареја. Се смета дека е добар лек против слабокрвност и дека поволно влијае на метаболичните процеси.

Екстрактот од листот се употребува како помошно лековито средство кај артритис. Позната е употребата на екстракт од лист за изработка на шампон кој го спречува првутот и £дава на косата сјај. Семето и коренот од коприва често се користат за изработка на лекови, најчесто алкохолни екстракти (тинктури). Се применуваат кај заболувања на простатата, нивната делотворност е потврдена и се користат напоредно со терапија со лекови.

Копривата се користи и како зеленчук. Млади листови се берат на пролет и се подготвуваат како спанаќ. За разлика од спанаќот, копривата не ја содржи штетната оксална киселина. Ако при берење ги „милувате“ листовите, нема да се изжарите, бидејќи влакната што жарат растат исправено на површината на листот!

Копривата се употребува и во индустријата. Од стебленцето со мацерација се добиваат влакна, слично како и од ленот, само што за одгледување коприва не се потребни речиси никакви агротехнички мерки, а најмалку употреба на хербициди, пестициди, вештачки ѓубрива. Од коренот и ризомот се добива жолта, а од листовите зелена растителна боја. Влакната од стебленцата се груби и долги. За добивање влакна копривата се користи особено многу во Германија. За време на Втората светска војна влакната добиени од коприва биле основна суровина за изработка на војнички униформи.

[vc_column width="1/3"][vc_column width="1/2"]ПрепоракаBETTY NETTLE TEA е билен чај од листови од коприва кои се внимателно одгледувани и набрани за да ви помогнат во зачувување на здравјето на уринарниот тракт, простатата и во борба против слабокрвноста.

Секоја филтер кесичка е пакувана во арома обвивка која дополнително ги чува свежината и мирисот.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>