[vc_column width="1/1"]Aргановото масло или „мароканско злато“ се добива со екстракција од Argania spinosa, дрво кое расте само во југозападниот дел на Мароко.
Тоа има големи, зелени, тркалезни плодови. Во плодот се наоѓа семка од која се добива „течното злато“. Интересно е дека аргановото масло сè уште се произведува на традиционален начин. Семката се крши со камен, се меле јатката на плодот и таа смеса се гмечи со раце, се процедува сè додека не се добие финален производ. За еден литар арганово масло се потребни околу 20 часа работа и 100 килограми арганов свеж плод. Затоа чистото арганово масло има повисока цена. Многу е барано поради неговите козметички, нутритивни и медицински својства. Богато е со есенцијални масни киселини и витамин Е, кои помагаат во одржувањето на здрава кожа и го спречуваат нејзиното предвремено стареење и појава на брчки. Аргановото масло ја хидрира кожата, ја штити од исушување и загуба на еластичност и таа станува цврста и затегната. Исто така, помага во третман на егземи и псоријаза. Може да се користи за ублажување на лузни и превенција на стрии во текот на бременоста. Состојките на маслото го регулираат и излачувањето себум поради што е погодно за третман и нега на мрсна кожа и кожа склона на акни. Својството на аргановото масло да омекнува и хидрира успешно може да се користи за суви раце, испукани пети, кршливи нокти и испукани усни. Ако се употреби на коса, ѝ го враќа сјајот, ги обновува оштетените краеви и таа станува мека на допир.
Овој безвременски еликсир ќе ви овозможи трајни резултати, кога станува збор за здравјето и убавината на вашата кожа.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци