Фармацевти
Контакт

<< Назад

Кралица на шикот

јуни 30, 2016

Лепеза по ваш вкусКатарина Вијатов

Можеби денес помалку се среќаваат нo и понатаму имаат посебен шарм. Незаобиколeн моден додаток кој ќе го заокружи вашиот стајлинг во текот на жешките летни денови и ноќи – лепеза

Летото веќе ни пристигна, затоа отворете ги лепезите, разладете се, истакнете ја женственоста, а можеби ќе украдете и понекој таинствен поглед. Имено, овој практичен предмет не зазема многу место во вашата чанта, а може да ви го обезбеди многу потребното ветре.

Разновидноста на дезените кои се во продажбата е голема, но ако се потрудите вашата лепеза да биде уникат, сигурно нема да ја заборавите, па ќе ви биде при рака без разлика дали сте тргнале на работа, на плажа, или на вечерна прошетка. Ви предлагаме да си поиграте со боите, материјалите, натписите, и од едноставни да креирате единствени, а патем можете да ги вклопите со омилениот летен фустан, здолниште или костим за капење.

Еве неколку наши предлози и идеи. Украсивме четири еднобојни лепези.

1Изгледот на пастелното розе со само неколку фломастери го претворивме во сочна лубеница, за зелената покрај фломастер користевме и шарена лента која ја залепивме од надворешната страна на затворената лепеза. Од црната добивме една елегантна лепеза исцртувајќи пеперутка со маркер со сребрена боја по што ја украсивме со ситни кристали со облик на срце. Вистинска морска лепеза добивме со комбинирање на тегет ленти украсени со сидра, кои ги лепевме на секое од прекршувањата на лепезата, а дополнителното шаренило го постигнавме со украсување со разнобојни лакови за нокти. Сега е редот на вас!

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>